„Секогаш гледате како тоа може да се искористи на одличен начин за дома и да останете во контакт со пријателите“, вели Гејтс за технологијата во едно свое интервју.
Гејтс за Мирор се пожали дека неговите деца се жалат на тоа дека другите деца добиваат паметни телефони многу порано отколку тие, но жалбите не влијаеле тој да ја смени неговата „политика“ во воспитувањето на неговите деца. Гејтс рече дека не оди до таму да ги чува лозинките на Фејсбук профилите на неговите деца, но вели дека онлајн сигурноста е голем проблем за родителите денес.
Прекумерно користење на паметни телефони или „зависноста“ според некои експерти по психологија – станува растечка главоболка за родителите, академците, па дури и за работниците во Силиконската Долина. Гејтс не е сам во овој „олд скул“ пристап за регулација на паметните телефони: Стив Џобс, познатиот шеф на Епл и изумител на Ајпад во 2011, не ги оставаше неговите деца да го користат производот дома.
А. М.
на фотографијата; Бил Гејтс и неговата ќерка