Заборавена од институциите по минатогодишните поплави во Скопје, „жителка“ во студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“, бара само покрив над глава.
Според изјавата за ЦИВИЛ Медиа, таа е во домот веќе една година, а нејзиниот статус уште не е решен. Во име и на многумина жители од скопското село Стајковци кои не се обештетени од поплавите, бабичката прашува: кога државата ќе се погрижи за сите нив?
„Сакам само помош, куќата да се направи. Не е којзнае каква куќа, три простории и подрум. Не барам многу“, ни изјави Благојна.
Таа, заедно со Љадвие Калеши и нејзината мајка, се единствените со нерешен статус во студентскиот дом. И додека Калеши се бори за својот опстанок со управата на домот и со институциите, Благојна сака само да ѝ се помогне да се врати дома, а таа самата ќе се грижела и за куќата и за себе.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов