Мртвите зони во океаните се зголемени за четирипати од 1950 година, предупредуваат научниците. Истовремено, бројот на подрачја со исклучително ниско ниво на крајбрежен кислород е зголемен за десет пати.
Според Гардијан, морските животни во тие зони не можат да преживеат и тоа може да предизвика катастрофални последици за стотици милиони луѓе кои зависат од морето.
Главната причина за губењето на нивото на кислород во морињата се климатските промени. Се потоплата планета ги загрева океаните, а потоплата вода содржи помалку кислород.
Освен тоа, мртвите зони во крајбрежјето настануваат и поради ѓубре и отпадни води кои од копно завршуваат во море.
Дениз Брајтбург од истражувачкиот центар Смитсонијан вели дека масовните изумирања во историјата на нашата планета биле поврзани со потопла клима и дефицит на кислород во морињата.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.