• Latest

Течат роковите за учесниците во изборната кампања, глоби од 1.000 до 9.000 евра за непочитување на законските одредби

July 22, 2020
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Течат роковите за учесниците во изборната кампања, глоби од 1.000 до 9.000 евра за непочитување на законските одредби

July 22, 2020 14:07
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во очекување на одлуките од Управен суд по тужбите поднесени од политичките партии, по подбиените приговори од Државната изборна комисија, учесниците во изборниот процес според Изборниот законик и ревидираниот роковник, имаат уште преостанати обврски. Барем во делот на рекламните паноа и билборди и политичкото финансирање.

Членот 78-а од Изборниот законик го регулира поставувањето на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање за време на изборната кампања. Покрај останатите одредби уредени со овој член, она што останува обврска  по завршување на изборите (15 јули), правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни да поднесат извештај за доделените локации за секој учесник во изборната кампања, средствата кои се побаруваат од секој учесник како и средствата кои се наплатени. Извештајот се поднесува најдоцна 15 дена по денот на завршување на  изборната кампања.

Според Изборниот законик единствена обврска на учесникот во изборна кампања, предено со член 79 е должноста во рок од 30 дена по завршување на изборите да го отстрани сметот од плакатите. Доколку извештајот не се поднесе на време Изборниот законик, член 184, став 3 предвидува глоба во износ од 10.000 евра во денарска противвредност на правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди доколку извештајот од член 78-а став 12 не го достават до надлежните институции и во определениот рок. Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

Член 185 од Изборниот законик, предвидува глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за  регистрирана политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако во рокот утврден од членот 79 став 2 не го отстрани сметот од плакатите. Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат ќе му се изрече на овластеното лице на политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат за прекршокот. Член 186, пак, одредува глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок за физичко лице кое врши уништување на изборни плакати или лепење плаката преку друга плаката на учесник во изборна кампањана места определени за нивно истакнување

Според член 84 –б учесникот во изборната кампања е должен во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за првиот круг(13 јули) и вториот круг на гласање доколку се одржува, да поднесе извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг, односно најдоцна до 1 август. Учесникот во изборната кампања е должен на 11-тиот ден од денот на изборната кампања, да поднесе Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања. Учесникот во изборната кампања е должен еден ден по завршување на изборната кампања да достави Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања. Учесникот во изборната кампања е должен еден ден пред одржување на вториот круг на гласање, да достави Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања.

Според член 85 учесникот во изборната кампања е должен веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на затворање  на  трансакциската  сметка  да  поднесе  вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања.

Член 188 –а предвидува глоба  во износ од 9.000 евра во денарска противвредност за прекршок на политичка  партија,  коалиција  односно  независен  кандидат  ако не  поднесат извештај  за финансирање  на  изборната  кампања  од членот  85,  односно  кога  за финансирање на изборната кампања се користени средства согласно со членот 83 од овој Законик. Глоба во износ од 9.000 евра во денарска против вредност ќе се изрече на политичка партија односно коалиција односно независен кандидат доколку во изборната кампања потроши повеќе финансиски средства отколку што е утврдено во членот 84 од овој законик. Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат ќе му се изрече на овластеното лице на политичката партија, коалицијата односно независниот кандидат за прекршокот од ставот (1)  на овој член. Глоба во износ од 9000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече за прекршок на политичка  партија,  коалиција  односно  независен  кандидат  ако  не  поднесат  извештај  за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од овој законик.

Предвремените парламентарни избори завршија на 15 јули со неофицијални конечни резултати според кои Коалицијата Можеме доби 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44 мандати, ДУИ 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12 мандати и Левица 2 мандати.

Б. Ј.

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ