• Latest

„TechPack“ – бесплатни софтверски решенија за дигитализација на компаниите погодени од кризата

May 6, 2020

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„TechPack“ – бесплатни софтверски решенија за дигитализација на компаниите погодени од кризата

May 6, 2020 11:13
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бесплатни услуги и софтверски решенија за традиционалните микро, мали и средни претпријатија (ММСп) ќе им понуди платформата „TechPack“ која ја креира Стартап Македонија. Тие заедно со стартап и ИКТ заедницата во државата ќе им помогнат на компаниите погодени од корона-пандемијата целосно да се дигитализираат, а со тоа да бидат поефикасни во нивната работа и услугите кои ги нудат.

– Голем е бројот на традиционални претпријатија кои имаат намалена побарувачка и ограничен пристап до потрошувачката база поради некомплетна дигитализација на процесот на водење бизнис. Особено во вонредни услови во време на пандемија се воочи потребата од комплетна дигитализација во приватниот сектор. Со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, оваа иницијатива е достапна за сите бизниси преку платформата www.techpack.mk, вели Дијана Десподов, проектен координатор на „TechPack“.

Од Стартап Македонија информираат дека платформата „TechPack“ содржи три компоненти кои се важни за претпријатијата: зделки, едукативни видео материјали, и решенија. – Таа содржи низа алатки, сервиси и едукација прилагодена за домашните компании која ќе им помогне во дигитализација на нивното работење. Содржината е на македонски јазик и е таргетирана и приспособена кон голем број локални индустрии. Платформата нуди и пристап до едукативните материјали, како на пример релевантни он-лајн алатки за секојдневното работење, дигитален маркетинг, работилници за иновациски менаџмент, но и водење на процесот на дигитална трансформација – се она што им е потребно на компаниите, посочуваат од Стасртап Македонија.

Оваа платформа ќе овозможи на едно место ММСп да добијат пристап до бесплатни алатки развиени од домашни компании и прилагодени на актуелните состојби и да добијат едукација како да се приспособат на новите услови на работење, да иновираат, и да побараат подршка за креирање на нови решенија од страна на локалната стартап и ИКТ заедница.

– Бесплатните алатки како и услуги за дигитализација ги поделивме на таканаречени зделки преку кои стартап и ИКТ компаниите нудат бесплатен пристап до своите дигитални алатки и решенија во времетраење од најмалку 3 месеци; едукативни видео материјали за применување и имплементирање на алатките; за водење он-лајн бизнис; за вовед во дигитални вештини.  Во партнерство со организации од стартап заедницата, стопанските комори и бизнис асоцијациите во земјава ќе се пристапи до идентификување на проблемите и предизвиците кои моментално ги имаат претпријатијата. Врз основа на потребите на компаниите во иднина ќе можат да се  поврзуваат со стартапи и ИКТ компании кои би можеле да им понудат решенија, информации, или сеопфатна едукација за процесот на дигитализирање на едно претпријатие, додава Десподов.

Преку платформата, се вели во соопштението, соработката помеѓу традиционалниот и стартап секторот ќе се зајакне, а со тоа и ќе се зголемат корпоративните иновации.

Стартап Македонија се залага во поврзување на македонската стартап заедница преку пристап до квалитетни податоци, поддршка за стартапите, и создавање на поволна средина за развој на стартап екосистемот. Тие имаат за цел да ја помогнат дигитализацијата на екосистемот, да помогнат на организациите преку поддршка да ги подобрат и прилагодат своите услуги според потребите на пазарот при започнување на бизнисот, како и да бидат точка на поврзување на компаниите во приватниот сектор.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ