• Latest

Телефонски разговор на Заев со Урсула фон дер Лајен: Извештајот на ЕК потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција со ЕУ

November 13, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Телефонски разговор на Заев со Урсула фон дер Лајен: Извештајот на ЕК потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција со ЕУ

November 13, 2020 16:58
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во денешниот телефонски разговор со премиерот Зоран Заев истакнала дека Северна Македонија е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка. Брисел, посочила таа, очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, пренесува МИА.

Како што соопшти владината прес-служба, на разговорот, на кој присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Заев изразил благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија за нашата земја со кои Брисел потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.

Премиерот Заев додаде дека оваа поддршка има дополнително значење бидејќи е придружена со Економскиот и инвестициски план за земјите од регионот за поддршка на процесот за остварување на европските стандарди на државите од Западен Балкан со аспирации за членство во ЕУ.

Тој ја информирал претседателката на ЕК Фон дер Лајен и за тековните разговори со Република Бугарија и ги презентирал позициите на Северна Македонија.

Во тој контекст, како што се наведува во соопштението, Заев се заблагодарил за личниот ангажман на претседателката на ЕК, како и на сите еврокомесари, особено нагласувајќи го ангажманот на овој план на германското претседателство со ЕУ и за посветеноста да се најде решение, кое ќе биде успех за Северна Македонија, за Република Бугарија, за ЕУ и за Западен Балкан.

Во телефонскиот разговор Заев ја информирал Фон дер Лајен и за успешното организирање како заеднички домаќини на Лидерскиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во Софија на кој беа донесени значајни одлуки и декларации од посебна корист за регионалната соработка и за економски развој на земјите од регионот согласно плановите и агендата на ЕУ.

Во соопштението се посочува и дека премиерот ја информирал претседателката на ЕК Фон дер Лајен и за ситуацијата со КОВИД-19 во земјата и се заблагодарил за поддршката на ЕУ во справувањето со пандемијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ