• Latest
Војо Маневски

Темелници

May 16, 2022

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен: „Компромис од Севиља“ за затворање на инвестицискиот јаз за развој на светот

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на Kanal13

Русија привремено го затвори Кримскиот мост поради експлозии во Керч

June 30, 2025
Белград, протести. Фото: Скриншот

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за ситуацијата во Србија?

June 30, 2025

Пуштена во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување од Градско кон Прилеп, Битола, Ресен

June 30, 2025

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Темелници

May 16, 2022 12:51
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Има ли некаква врска меѓу човечкото општество и каменот? Секако дека ако се потрудиме ќе најдеме многу блискости, или барем така ќе ги интерпретираме кога сакаме да поставиме некоја своја теза.

Научните анализи се за природата на каменот, ама сѐ си мислам дека тој има и човечки карактеристики. Откорнат од положбата во која го сместила природата, талка од место на место и се вградува во разни ѕидови и градби. За потврда не ни требаат научни анализи и истражувања. Погледнете ги остатоците од оние што живееле пред нас на овие простори. Купишта камења поставени во некаков ред што им бил потребен на градителите. Сѐ друго пропаднало под налетот на природата, ама камењата останале. Поситните камења отпаднале од ѕидовите и ги разнеле некои нови градители, ама оние што се во основата стојат па дури и се закопани во земјата како нивна исконска татковина. На нив се градел ѕидот, тие се камењата темелници.

Таквите камења и ако ги затрупаш со разен шут тие ќе го држат ѕидот, но ако ги откорнеш ѕидот неминовно паѓа. Сите овие мисли ми навираа додека присуствував на комеморацијата на еден од таквите личности во нашата култура кои се токму такви, камен темелници. Ристо Стефановски е каменот темелник на македонскиот театар. И да сакам да напишам нешто повеќе од она што како пригодни текстови го напишале оние што многу повеќе го познаваат театарот од мене, секако дека нема да успеам. Искрено можам да ги пренесам само сеќавањата за важноста на театарот во растежот на мојата генерација, која веројатно беше една од генерациите, кои живееја со помислата дека ја користат македонската култура како свој идентитет.

Убавината на тие сеќавања се во помислата дека тоа не го доживуваме како некаква националистичка рамка, туку како дел од светската култура.

На театар одевме, поимајќи го како место каде се расположувавме, смејќи се на комедиите, а не како израз на мислата на едно време. Поважна ни беше новата плоча на Токинг Хедс, отколку новиот текст на некој домашен автор што го запознававме преку задолжителната лектира.

Некаде на почетокот на осумдесеттите слушнавме за некаква театарска четворка, која  правеше престави и кои се повеќе беа тема на нашите дискусии. Стефановски – Унковски и Георгиевски – Плевнеш. Полека нивните театарски творби стануваа дел од нашиот начин на поимање на светот и во некаква симбиоза со бунтовноста на рок културата, за која сметавме дека е наш поглед на свет. Само не знаевме дека зад таа наша нова профилација стоел некој, кој сето тоа го туркал да стане понуда на тоа време. Не знаевме за темелникот со име Ристо Стефановски.

Одеднаш почнавме да цитираме реченици од преставите да се расправаме за исправноста на ставовите во нив. Дали ги зголемивме видиците на нашето поимање на светот не знам, но можам да тврдам дека почнавме со гордост да ги споменуваме  и авторите и режисерите и нивните дела, во сѐ почестите разговори во тогашната културна и политичка јавност во  Југославија. Некако се чувствуваме порамноправни кога се дискутираше за Драмски од Скопје или МНТ на Стериино или МЕСС.

Дури сега согледувам колку тие театарски дела навлегле длабоко во нашите мисли и дури и секојдневниот речник. Многупати се пронаоѓам како користам реченици од тие дела и на кои одново им пронаоѓам нова смисла и актуелен контекст. Заклучувам дека отприлика така се гради една култура, која не е архаична и самодоволна, туку отворена и податна  за културен натпревар.

Како што вообичаено го правам во моиве текстови скоро секогаш и сега ќе пренесам едно мое сеќавање од првата средба со Ристо Стефановски. Беше тоа некаде кон средината на осумдесеттите во Нови Сад, на последниот ден на Стериино Позорје.

Додека се очекуваа посакуваните награди во бифето на театарот имаше вообичаена гужва од актери, драмски писатели, политичари и секако новинари. На една маса седеа неколку лица од кои барем јас тогаш ги познавав по лик, Љуба Тадиќ и Петар Волк. Кон сите маси приоѓаа новинари и други намерници, ама нивната маса стоеше некако изолирана од целата таа мешаница. Како да разговараа за нешто што беше надвор од актуелните теми, за наградите, за театрите и актерите. На столчето меѓу познатите ликови седеше висок човек а рацете ги држеше скрстени на градите. Додека познатиот актер Тадиќ нешто живо расправаше тој го гледаше со израз на некакво покровителство над него. Кога почнуваше да зборува, соговорниците го следеа со внимателност. Колегата до мене кратко ме праша дали знам кој е тој човек. Од срамот дека не го познавам Стефановски ме извлече покојниот режисер Владо Цветановски со кој се запознав неколку дена пред тоа.

Ајде да те запознам со Ристе Стефановски кратко ми рече.

Пријдовме а Тадиќ продолжуваше да ја држи својата реч. Пристојноста не ни дозволуваше да се приближиме до Стефановски и чекавме прикладен миг. Стефановски погледна во нашиот правец и му се насмеа на Владо па така пријдовме и се поздравивме со сите тројца. Тој мал миг остана запаметен само од мене зошто такви пролазни ликови како мене веројатно  се само за пауза меѓу разговорот на важните личности од Стериино Позорје. Дури кога се поделија наградите и се расплисна стегнатата атмосфера на фестивалот видов со каков пиетет  на Стефановски му приоѓаа актерите и режисерите на фестивалот. Тадиќ долго зборуваше за преставите од почетокот на педесеттите и претставата кога Милован Ѓилас го довел лично Тито да ја види .За цело време тој не се одвојуваше од Ристо Стефановски

Судбината има свој тек и свои правила на кој тешко дека имаме можност со умисла да влијаеме. Поминаа години и  Ристо Стефановски ми стана дел од семејството .Во секој разговор се обидував да ги разделам дедо Ристо и Стефановски, каменот темелник на македонската театарска сцена и соговорникот со кој јадев вкусно сирење Со дедо Ристо можеше да разговараш и да дебатираш со Стефановски можеше само да слушаш ако сакаш да слушнеш нешто за театарот. Тој зборуваше само за театарот дури и кога навидум тоа немаше врска со темата. Тоа беше Ристо Стефановски.

Културата е како ѕидање на ѕид, кој ќе биде потпора на целото општество и негов основен белег за сите времиња што доаѓаат. За да биде ѕидот цврст во него се вградуваат камени темелници за да го држат. Шалот на Станиславски е во Музејот во Санкт Петербург, а ние да ја зачуваме капата на Ристо Стефановски за да ни држи закрила од ветровите и големите води, зошто кога водата навлезе во ѕидот тој полека но неминовно се распаѓа и остануваат само големите камења темелници на кои може повторно да се гради. Малите камења ги разнесуваат времето и луѓето, за да ги вградат во некои нови свои ѕидови каде ќе се изгуби нивната првобитна форма и изглед. Ристо Стефановски ќе остане секогаш во темелот на нашата култура зошто таму му е местото.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Едногодишен помен

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ