ВЕСТ НА ДЕНОТ
Тензична атмосфера на отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид
Во тензична атмосфера, со свирежи и извици „Татари, Татари“, околу петстотини Охриѓани денеска го изразуваат револтот заради отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во центарот на Охрид.
Тензична атмосфера на отварањето на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Јовева: Преговорите на Северна Македонија со ЕУ се реалност, останете цврсто на европскиот пат
Европратеничката од Словенија, Ирена Јовева, преку видеообраќањето испрати порака со која го честита отворањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија и дава поддршка за евроинтегративниот процес на земјата, информираат од СЕП.
Јовева: Преговорите на Северна Македонија со ЕУ се реалност, останете цврсто на европскиот пат
Бројот на загинати во ракетниот напад на Русија врз градот Запорижја, кој се случи на 6 октомври 2022 година, се зголеми на 11, објавија од Украинската државна служба за итни случаи на Фејсбук од 7 октомври 2022 година, јавува дописникот на Укринформ.
Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз Запорижја се искачи на 11
ФЛЕШ ВЕСТИ
СОЦИЈАЛНА ПРАВДА До вторник треба да бидат објавени антикризните мерки за ублажување на последиците од енергетската криза, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
ЕКОНОМИЈА Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски денеска треба да одржат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас што ја посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ПРОТЕСТИ Во тензична атмосфера, со свирежи и извици „Татари, Татари“, околу петстотини Охриѓани денеска го изразуваат револтот заради отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во центарот на Охрид.
СКРИНИНГ Во Европската комисија во Брисел продолжуваат скрининг состаноците, а денеска почна објаснувачката анализа за вториот кластер – Внатрешен пазар, со посебен акцент на поглавјето 4 – Слободно движење на капиталот.
„РЕФЕРЕНДУМ“ Претседателот на „Левица“ Димитар Апасиев денеска ќе го предаде барањето за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво до архивата на Собранието.
ГОВОР НА ОМРАЗА ,,Опасна мрежа“ е краток документарец во продукција на ПИНА за онлајн вознемирувањето кое ги таргетира новинарките во земјата. Шест новинарки кои работат на нашата медиумска сцена говорат за различните видови на онлајн вознемирување со кое се соочиле поради нивната работа во документарецот кој за прв пат се прикажа неодамна на Медиумскиот фестивал Скопје.
СВЕТ
Белорускиот активист за човекови права Алес Бјалјацки, руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи се добитници на Нобеловата награда за мир за 2022 година.
Белоруски, руски и украински активисти за човекови права се добитници на Нобеловата награда за мир
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руските закани за употреба на нуклеарно оружје во конфликтот во Украина го ставаат светот во ризик од „апокалипса“, за првпат по Кубанската ракетна криза.
СЛОБОДНА ЗОНА

„Плимата на војната која Владимир Путин самиот ја започна, покажува колку катастрофално тргнале работите за рускиот претседател. Загубите кој ги претрпе во украинската контраофанзива, го натераа да прибегне кон хаотична мобилизација за да ја надополни изгубената воена сила, и да прогласи „анексија“ на делови од украинска територија, која од час во час му се лизга низ прсти. Сега, тој освен жива воена сила и воена техника, губи и територии, и тоа не само во една од областите што незаконски ги прогласи за руски, туку и во сите четири анектирани делови.“, прочитајте во анализата од Драган Мишев „Путин губи во сите 4 украински региони што ги „анектираше“, руското воено раководство „во клинч““.
Путин губи во сите 4 украински региони што ги „анектираше“, руското воено раководство „во клинч“
Д. Тахири










