• Latest

Тетовчани со двојна болка за Виена и препорака: “Треба да пазиме сите, а особено вие новинарите”

November 6, 2020

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тетовчани со двојна болка за Виена и препорака: “Треба да пазиме сите, а особено вие новинарите”

November 6, 2020 11:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мирно, но застрашувачко. Голем револт, чаршиски муабети, но никој не се охрабрува јавно да зборува. Терористичкиот напад во Виена, тетовчани го доживеаја  двојно трагично. Од една страна, меѓу себе, секој на свој начин ја искажува болката и жалоста за изгубените животи, а од друга страна загриженоста за тоа што еден од напаѓачите бил со потекло тетовчанец, Албанец и муслиман, како мнозинството од граѓаните на Тетово.

Меѓу овие две “загрижувања”, стојат и други загрижувачки елементи кон кои се револтирани граѓаните од сите етнички и верски заедници во градот. Јавно и официјално не сакат да зборуваат со оправдување дека темата е чувствителна и дека не сакаат да додаваат масло на огинот.

А за второто имаат порака и кон новинарите и медиумите. “Пазете вие новинарите, не фрлајте масло на оган”, беше реакцијата на еден тетовчанец кој е на постара возраст и додека не замолува да не му го откриваме  идентитетот, ни дава и совети кои можат да служат и како совети за целото општество. “Кај нас имаше такви вести дека има слични индивидуалци или групи, јас не се разбирам и не знам колку се точни. За среќа не сме имале таква трагедија и треба да работиме да не ни се случи никогаш. Државата и институциите треба да ја вршат работата да не обезбедуваат и спречат такви ситуации, но и вир новинарите и сите кои зборуваат јавно треба да сте внимателни. Секој ваш збор, ваша лага, провокација, може да создаде недоразбирање, реакција, револт, а има и многу млади и наивни кои можат да паднат на ваши провокации и да ни се случи и полошо”, беше советот од дедото, Албанец по етничка припадност и муслиман по вероисповед. На наше прашање, како ја доживеа веста дека станува збор за Албанец од Тетово, истиот возврати: “Тој не е ни Албанец, ни тетовчанец, ни муслиман. Не зборам за тоа дека бил роден таму, и тука да бил роден, криминалот и тероризмот немаат нација и вера. Но не сакам да зборам многу затоа што ми е жал и за неговото семејство. И вие новинарите грешите што одите таму да ги снимате во село, што се они криви. Семејството има секакви болки, прво не е лесно да ти загине дете, сите имаме деца, родителите пак имаат болка. А уште полошо е кога знаеш дека твоето дете убил туѓи деца, не знаеш за кого прво да плачеш и за што да жалиш. И како да им е малку ова, гледам новинари одат со камери и прашуваат што имаат да кажат. Што ќе кажат, не се случило нешто убаво па тие да празнуваат и да зборат пред камера”.

Слични коментари можат да се слушнат и од други граѓани на Тетово. Дел од нив дури се убедени дека интернетот и медиумите се и виновници за радикализација на младиот тетовчанец кој пукаше во Виенските улици. Тие препорачуваат сите да пазиме што прават децата, со кого се дружат и што гледаат на интернет. “Тој не растел тука и не може да се обвинат нашите оџи, иако и дел од нив можеби не се баш чисти. Децата денеска гледаат сешто на интернет, разговараат со секого. Гледате како децата што гледаат на телефон зборат на англиски, за среќа тие гледале англиски и цртани видеа. Замислете колку лесно можат да им го исперат мозокот ако гледаат такви видеа, екстремистичка пропаганда или слично”, вели еден средновечен тетовчанец.

Од други пак, има забелешки и за верските водачи и претставници, но сепак тие тврдат дека одговорноста спаѓа на семејството. Препорачуваат да се следат децата па и роднините од почеток со кого се дружат, какви институции или здруженија следат и да се спречат на време. Една од препораките е институциите и верските заедници да работат повеќе во едукација на младите па и другите генерации, да се зборува повеќе и во цркви, и во џамии, и во медиуми, за радикализмот и за вистината околу верите за да се спречи злоупотреба и манипулација во името на верата.

Тетовчани од сите етнички заедници потсетуваат дека градот успеал да надмине конфликт од кој излегле со помали последици и денеска соживеат без сериозни проблеми. Затоа бараат поголема одговорност и ангажман од сите за да се зачува оваа клима и да не се дозволи поттикнување на тензии на кои најголемата цената пак ја плаќаат невините граѓани.

Арбен Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ