• Latest

Тевдовски: До крајот на годинава сите ќе имаат увид во исплатите од државната каса

August 12, 2018
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тевдовски: До крајот на годинава сите ќе имаат увид во исплатите од државната каса

August 12, 2018 13:03
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на годината граѓаните ќе можат да ги видат исплатите од државната каса. Секој потрошен денар ќе биде објавен, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски. 

Во тек е подготовка на платформа со која јавноста ќе има увид во сите трошења од Трезорот, информираа од Министерството за финансии и додаваат дека направиле консултации со граѓанските организации и претставници на медиумите, за да придонесат во изработката на платформата. Министерството, како што се посочува, со овој чекор ќе придонесе кон целосно отворање на процесите на управување со јавните финансии кон јавноста.

– Финансиската транспарентност ја исполнува својата цел. Јавноста има увид и прави притисок за правилно трошење на парите. Европската унија, за разлика од порано кога ја критикуваше нетранспарентноста во јавните финансии, сега во последниот извештај ја издвои токму фискалната транспарентност, како еден од клучните успеси, рече Тевдовски.

Тој посочи дека Министерството за финансии презело и низа други чекори за подобрување на транспарентноста. Како што истакна, се објавуваат извештаи за извршувањето на Буџетот по буџетски корисници на месечна основа, извештаи за извршувањето на Буџетите на општините на квартална основа, а полугодишниот извештај за извршување на Буџетот за првпат содржи детални податоци за сите буџетски корисници.

Министерот истакна дека е направен „Граѓански буџет“, како и дека е организирана јавна дебата за Буџетот пред тој да биде усвоен од Владата. За следниот „Граѓански буџет“ ќе има веб апликација, изработена од победниците на ФинХакатонот.

Од Министерството наведуваат дека во насока на зголемување на транспарентноста институциите сите договори за јавни набавки и анекси почнале да ги објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки. Јавните набавки, како што се потенцира, станале повидливи за јавноста преку платформата Отворени податоци. Од Министерството за финансии додаваат дека на веб-страната ги објавуваат податоците во отворен формат. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ