• Latest

Тевдовски: Проектираме значително понизок јавен долг од претходната влада

May 31, 2018

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тевдовски: Проектираме значително понизок јавен долг од претходната влада

May 31, 2018 10:10
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со новата фискална стратегија, проекциите за јавниот долг се значително помали во однос на последната фискална стратегија на претходната влада. Во просек станува збор за 3,5 процентни поени помалку секоја година, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски во гостување на Алсат М телевизија.
– Согласно последната фискална стратегија на претходната влада од октомври 2016 година, за 2017 се предвидуваше јавен долг од 53,1 отсто. Оваа Влада ја заврши 2017 со 47,6 отсто јавен долг или дури за 5,5 процентни поени помалку. Првпат после осум години имаме намалување на јавниот долг на годишно ниво во 2017. Согласно последната стратегија на претходната влада од октомври 2016 година, во 2019 година планирано беше јавниот долг да достигне 56 проценти, и којзнае колку потоа. Со новата фискална стратегија максимумот што го проектираме е 54,8 отсто од БДП во 2020 година, кој потоа следната година веќе опаѓа, односно е во надолна линија. Планирана е постепена буџетска консолидација која предвидува буџетскиот дефицит да се намали на два отсто од БДП во 2021 година, рече Тевдовски.

Како што посочи тој, досега во овој период немало фискална стратегија и не можело да се дадат никакви коментари. Ова е првпат после 10 години да се носи навреме фискалната стратегија.

Министерот за финансии посочи дека основната проекција на која се базира фискалната стратегија е дека ќе се интензивира економскиот раст следните години.

– Светска банка имаше еден одличен графикон за изминатите години во кој покажува дека растот во Македонија бил околу 0,5 отсто, ако се исклучи онаа државна интервенција во градење споменици, фасади, жални врби. Тоа покажува дека растот бил лажно напумпан. Ние не водиме такви политики. Правиме притисок капиталните инвестиции да се интензивираат. Имаме сериозно забрзување на извозот. Закрпенува индустриското производство. Првпат дизајнираме политики кои ќе дадат сериозна поддршка за домашните претпријатија, истакна Тевдовски.

Тоа, додаде, значи дека фирмите, приватниот сектор ќе имаат поддршка за опрема, за плати. Фирмите се ослободени од политичките стеги. Активните мерки за вработување се на рекордно високо ниво, достигнуваат милијарда денари. Додека бевме во опозиција многу пати кажував дека, таа подршка за најголемиот проблем во државата беше многу ниска, тогаш изнесуваше некаде четири-пет милиони евра, сега е скоро тројно зголемена. Сето тоа ќе направи работите во економијата да се придвижат, истакна Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека првпат после повеќе од декада има брз и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите.

– Ако ги земете податоците во првите четири месеци од годината, повратот е 121 милион евра. Тоа е сериозна ликвидност. Ако се спореди со претходната година, порастот е некаде 40 проценти. Трезорот во Министерството за финанси сега функционира технички- се што ќе дојде за исплата веднаш се исплаќа, нема држење на налози, рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи и дека преку софтверот за евиденција на обврските ќе се избегне натрупување на обврски, како што беше случајот со претходната влада. Како пример ја наведе Филхаромонијата, која била помпезно отворена од претходната влада, но оваа Влада морала да ги отплаќа заостанатите обврски за овој објект. (МИА)

Tags: Драган Тевдовскиекономија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ