• Latest

Тие што се блиску до проблемите и дискриминацијата, треба да бидат блиску и до власта и моќта која ќе одлучува и ќе ги решава истите проблеми

December 1, 2020

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тие што се блиску до проблемите и дискриминацијата, треба да бидат блиску и до власта и моќта која ќе одлучува и ќе ги решава истите проблеми

December 1, 2020 14:57
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ТЕФИК МАХМУТ

Во средината на 18-от век, терминот “македонија” се употребувал како синоним за “мешаност” или “разноликост”, што впрочем, истиот термин ја осликувал структурата и разноликоста на народот кој фигурирал на овие простори. Оттука и доаѓа терминот на позната мешана салата macédoine, како и нејзината фигуративната конотација која се употребува и во денешно меѓусебно општење.

Делумно истата структура ја имаме и во 21-от век на нашиот регион, делумно истата салата ни фигурира и денеска, но со поразличен сос, и помала разноликост на овој балкански регион. Регион кој, кога веќе сме почнале со фигуративните епитети, денеска се употребува како синоним за ‘фрагментираност’ или ‘разделеност’ (balkanization) во англиското секојдневно општење.

Народ кој асоцира на ‘разноликост’ во регион кој се синонимизира со ‘разделеност’.

Дали истата разделеност е научена или вродена? Дали истата разноликост се перцепира како предност или како препрека? И што ја храни омразата, етничката нетрпеливост или говорот на омраза што денеска е длабоко вродена во нашиот регион?

Во областа на социјологијата, психологијата и антропологијата, имаме нешто што се вика “социјализација”, “културализација” или “habitus”. Пластично кажано, ова е процес во кој индивидуата прима информации во текот на својот живот и како резултат на истите информации ја формира својата персона, својата перцепција, верување и поглед кон светот.

Имаме примарна и секундарна социјализација, примарната е во рамките на семејството, секундарната е во кругот на пријателите со кои се дружиме, учителите од кои се надоградуваме, книгите кои ги читаме, медиумите кои ги слушаме и ред другите “извори” на информации што ги примаме при нашето секојдневно општење и делување во овој свет, на локално, национално и меѓународно ниво.

Ако растеме и се надоградуваме со примарна социјализација од типот на „лажеш како Ц*ган”, „ако не седиш мирен, Ц*нката ќе дојде да те изеде”, “не прави ц*нски работи”, „не се ц*анчи”… и ред други негативни примери, вградени во нашиот ум од рана возраст и диреткно асоцирани со одредена етничка група, подоцна, дури и да сме возрасни индивидуи, кога ќе наидеме на член од таа етничка група, непријателскиот пристап кон нив некако инстиктивно ќе се манифестира.

Тука лежи една од причините поради говорот на омраза и етничката нетрпеливост што ја гледаме кон Ромите и другите етнички заедници во нашата држава, особено истакнати во услови на пандемија, каде што Ковид-19 се употребува како оправдување или искра да се запали огинот на етничка нетрпеливост.

Промената на истата парадигма е изводлива преку нашата секундарна социјализација, односно со кого ќе се дружиме, какви книги ќе читаме, каков тип на образование ќе примаме, што ќе гледаме на ТВ, на какви индивидуалци од истата етничка група ќе наидеме и ред други работи.

Особено медиумите играат важна улога во креирањето на секундарната социјализација, односно во креирањето на јавното мислење, перцепција и став кон одредени социополитички прашања. Оваа ‘појава’ е засилена од самите медиуми и нивната автономност да пласираат информации и да дозволуваат нивните пласирани информации да бидат употребени и манипулирани во различни конотации и пропаганди кои канализираат омраза или поттикнување на истата. Ова често го гледаме од страна на одредени  ‘претставници’ на државни институции, политичко десничарски лидери, екстремисти и активисти кои се националистички настроени.

Оттука е особено важно да има систем кој ќе ги мониторира наративите кои потикнуваат омраза и да се превентираат истите. Дополнително е важно да се истакнат индивидуалците што се многу поразлични од негативната слика кон Ромите, како и подршката на медиумите и органите на власта кон истите.

Како што впрочем еврокомесарот за проширување и добрососедство, г-дин Оливер Вархеи (Olivér Váhelyi) до претседателот на владата г-дин Зоран Заев, меѓу другото истакна дека: „До сега не сме посветиле доволно внимание на ромската заедница и нивните потреби. Постои голем потенцијал во поглед на нивниот придонес и Вие господине премиере треба да работите пофокусирано на тоа прашање”.

Сметам дека формирањето на новата влада, без ромски претставници во првиот или вториот ешалон на власта и отсуството на ромски преставници во било која стратешка раководна позиција на органите на власта е индикатор за гореспомнатата ‘непосветеност’. Непосветеност која што на долги патеки не само што и наштетува на ромската етничка група и нивната иклузивност во нашето општество, туку и на сите етникуми во државата која се стреми да биде дел од европската унија.

Да не заборавиме, дека еден од копенхашките критериуми за влез во ЕУ е ‘почитување и заштита на малцинствата’ што значи без Роми и нивната инклузивност во македонското општество, нема да има инклузивност во европското општество. Првото е предуслов за другото.

Да не заборавиме исто така дека и сите политички фигури од ромскиот електорат им беа партнери на последните парламентарни избори. Особено тие што фигурираат во најголемата ромска населба, Шуто Оризари, каде што и впрочем го имаме мнозинството на ромскиот електорат и од каде што патем немаме ниту еден претставник на раководни позиции во органите на власта.

Тоа е голем индикатор за ромската не-репрезентативност во органите на власта или во било која од јавните позициите кои работат во областа на дискриминација и повреда на човековите права, како што е позицијата на Народниот Правобранител.

Тие што поседуваат длабоко разбирање за низата проблеми и предизвици кои ги засегаат Ромите, најдобро знаат како предрасудите, расизмот и дискриминацијата влијаат врз нивните животи и токму поради тоа треба да бидат дел од власта и различните нивоа во рамки на истата за да можат своите лични искуства и вештини да ги преточат во креирање на соодветни политики кои ќе ги подобруваат горенаведените вечни проблеми на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Тие што се блиску до проблемите и дискриминацијата, треба да бидат блиску и до власта и
моќта која ќе одлучува и ќе ги решава истите проблеми. Токму поради ова, правичната застапеност на Ромите е многу важна, па дури и пресудна.

Репрезентативноста не само што ќе ги побива горенаведените стереотипи, говорот на омраза, како и дискриминацијата што ја гледаме на секојдневна основа, туку и ќе и помогне на државата да креира општество еднакво за сите, со стандарди кои ќе бидат компатибилни со европските и светските стандарди кои пак ќе и помогнат на државата да биде поблиску до сакана дестинација: Европската Унија!

До тогаш, компетентните млади Роми треба политички да партиципираат, да креираат кохезија и соработка најнапред меѓу нив, па потоа проактивно да бараат можности за соединување и кохезија со другите политички (мејнстрим) фигури околу нив. Креирањето на соработка и разбирање од двете страни е правиот пат, етичкиот пат, патот од кој сите ќе бенефитираат.

Патот кон ЕУ е долг, раскрсницата во која се наоѓаме е широка, „мешаната салата” не до толку вкусна за некои политички фигури, но надежта е сé уште тука. Младите се постојаниот и прогресивниот сегмент во нашите општества и во нивни раце лежи иднината на нашата држава.

Јас искрено се надевам и силно верувам дека еден ден, ромската репрезентативност, етничката нетрпеливост, како и говорот на омраза против било која малцинска група во нашата држава ќе биде страница од минатото. Минато, кое нема да биде предмет на интерпретација на тие што ќе дојдат на власт, туку олицетворение на една поинаква социјализација во нашата држава.

До тогаш, да не дозволиме етничките, верските или социо-економските димензии на нашиот идентитет да го детерминираат нашето место во оваа држава.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ