пишува: ПЕТРИТ САРАЧНИ
Не знам дали видовте, најгнасните удари по прекарните работници, т.е. хонорарци во Владата дојдоа токму од оние што се продаваат во јавноста како нивни заштитници. Почнувајќи од димчињата и партијата која се декларира како заштитник на работниците, па се до некои бивши и сегашни демек „синдикални“ активисти.
А знаете зошто?
Затоа што тие немаат врска со работничките права, ниту со маките на хонорарците и авторите со непостојан ангажман.
Сите овие „борци за работнички права“ се одлично ситуирани, со солидни професорски плати во јавниот сектор, или фино платени работни места и хонорари во граѓанскиот сектор, во медиумите, или во тајните списоци на партиите, поголеми од многу авторски надоместоци што ги објави Владата.
Утре пак ќе врескаат против прекаријатот, ќе викаат дека ги бранат правата на хонорарците. Не им верувајте на овие лажговци и манипулатори!
#SledeTene
#NeUbiLicemerie
#AluminiumOverMaximum