Во истрагата за трагедијата во Бугарија во која загинаа 46 патници а седуммнина се повредени, Македонски крим-техничари ќе се вклучат и крим техничари од Северна Македонија. Тимот на Министерството за внатрешни работи, предводен од помошник директорот на униформирана полиција, во состав од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги.
„Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби“, информира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Помошта ќе биде испратена по телефонскиот разговор со бугарскиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков.
Спасовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија.