• Latest

Без младите во ЈИЕ нема вистинска Европа

May 15, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Без младите во ЈИЕ нема вистинска Европа

May 15, 2018 12:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Младите се надежта на регионот, но и голем знак прашалник, бидејќи без Југоисточна Европа (ЈИЕ) не може да имаме вистинска Европа, порача денеска амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние на Балканскиот младински форум насловен „Активно младинско учество: поттик преку креативни и иновативни решенија“ во организација на Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје, алудирајќи на иселувањето на младите од земјите во регионот. 

– Донесувањето на одлуките се прави на лице место, а за тоа треба да се мобилизираат младите. За тоа се потребни добри проекти како и добро меѓусебно познавање, истакна Тимоние.

Според него, конференцијата е продолжение на самитот во Париз 2016 според француско-германски модел кога беше формирана Регионалнарта канцеларија за младинска соработка РИКО.

За форумот, кој се одржува во рамките на проектот „Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог“, Станка Парац-Дамјановиќ од АЛДА, рече дека има цел да ги собере младите од регионот и од сите етнички заедници, со желба за приближување на реформските процеси во кои тие можат да придонесат.

– На сите ни е заедничко тоа што младите го напуштаат регионот. Ние поради тој проблем се занимаваме со едукација и поттик во локалните заедници како и активирање на потенцијалите на младите за да останат во својата средина и да придонесат во развојот на регионот, истакна Парац-Дамјановиќ.

Со младите, додаде претставничката на АЛДА, се работаи и на приближување на европските стандарди, но и на мобилизација на која ќе им се појасни реформскиот процес преку кој регионот ќе влезе во Европската Унија. Парац-Дамјановиќ се надева дека од овие активности ќе произлезат млади европски лидери кои ефектно и поефикасно на локално ниво ќе ги промовираат европските интеграции и локалниот развој.

Форумот доби поддршка и од општина Центар за која градоначалникот Саша Богдановиќ рече тоа го докажуваат и со тоа што се први кои отвориле канцеларија за млади во општината, како и дека преку општинскиот буџет ги поддржуваат младински инцијативи.

На конференцијата панелистите говореа за повеќе теми меѓу кои и за „Образование за активно младинско граѓанство, добро владеење и социјална инклузија – генерациски избор на Балканот за прилкучување кон ЕУ“, како и за „Граѓанското општество и Локалната самоуправа: мобилизирање на младите за активно граѓанство и учество во креирањето политики – добри практики од Западен Балкан“.

Проектот е поддржан од Фондот за Западен Балкан и е прва активност која се реализира со поддршка од овој фонд создаден за промоција и поддршка на проекти кои придонесуваат за поврзување на регионот.

(МИА)

Tags: ЕвропамладиТимониеФонд за Западен Балкан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ