• Latest

ТИРЗ: Рекорден извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2300 работни места од почетокот на годинава

December 12, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ: Рекорден извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2300 работни места од почетокот на годинава

December 12, 2022 09:27
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 2300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17 отсто за само една година. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ.

Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со ноември извозот од ТИРЗ достигна речиси 3,5 милијарди евра што е највисоко ниво од постоењето на зоните. Анализите покажуваат дека извозот од јануари до ноември годинава е за 27% повисок од истиот период во 2021, односно за 49% повисок споредено со 2020. Компаниите во зоните 2021 ја завршија со извоз од 3 милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега.

Од јануари до ноември годинава е регистриран е увоз од 3,09 милијарди евра што е за 17% повеќе во однос првите единаесет месеци од 2021, односно за 60% споредено со истиот период во 2020. Заклучно со ноември продолжува и растот на нето извозот кој достигна 12,3 %. Само во ноември нето извозот е речиси 23%, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места.

Се очекува ваквиот позитивен тренд на економски активности во зоните да продолжи до крајот на годинава, наведуваат од Дирекцијата за ТИРЗ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: вработувањеТИРЗ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result