ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Сознанието дека премиерот на попладневната средба и објаснил на претседателката Силјановска Давкова за кого мислела да се определи – дознавме чие име како иден гувернер на НБРМ ќе се најде утре на расправа и гласање во Собранието на РМ.
Малку кој секако би се кладел дека претседателката би издржала на својата „тврда“ определба дека не смеат да и се мешаат во ингеренциите по прашањето за изборот на оваа многу чувствителна позиција за земјата и нејзината макроекономска политика. Јас, напротив мислев дека тоа овој пат навистина ќе се случи, бидејќи, разликата во квалитет на тројцата кандидати беше огрооомна. Зошто Ставревски не смееше да биде воопшто во комбинација објасни ексминистерот за финансии Хајредини (бегалец од правдата, „домаќин“ на криминалецот Субрата Рој) ама тој цело време е советник на премиерот (за банкарство!) и ако тој го чува до себе во кабинетот позицијата на кадровската шах-табла е јасна. Вториот кандидат Трајко Славески, кој неодамна призна дека со него никој не разговарал за таа позиција (!) е само се чини компромис – негова главна одлика е слепата послушност на позицијата претседавал на Советот на град Скопје и таа ролја се очекува да продолжи и натаму. Особено е важно за Мицковски да има свој човек во ситуација кога се врзува со сомнителни кредити, кои би морале да се под надзор на НБРМ.
Така нашата претседателка од главна и темпераментна актерка во емисијата „Вин-вин“ во четвртокот се претвори во епизодист која бргу исчезнува од сцената пред да биде означен крај на претставата за самостојноста.