• Latest
Фото: ЈП Улици и патишта

Тошковски: Од 1 јануари трајно ќе се одзема возилото доколку се управува безобѕирно

June 11, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тошковски: Од 1 јануари трајно ќе се одзема возилото доколку се управува безобѕирно

Ме прашуваат „Ферари ако одземете што ќе направите со него“, велам ќе го дадеме на Детска градинка Цветче да се возат дечињата. Битно е дека ќе го одземеме возилото и тој што ќе управува безобзирно таков тип на моторно возило нема да го има повеќе, па да видиме со новото што ќе го купи пак ќе го прави истото, рече Тошковски.

June 11, 2025 09:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: ЈП Улици и патишта

Фото: ЈП Улици и патишта

Share on FacebookShare on Twitter

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во гостување на МРТВ, Тошковски посочи дека казните за сообраќајните прекршоци ќе се добиваат на мобилен телефон и појасни дека доколку се работи за мал прекршок ќе треба да се плати само паричен надоместок, доколку е поголем прекршок, тогаш ќе треба да се оди на суд каде би била изречена и забрана за управување.

– На мобилен телефон ќе ви стигне порака дека сте направиле прекршок на тој и тој ден, „ве молиме упатете се до Министерството за внатрешни работи доколку сакате да ги добиете доказите или кликнете на веб страницата доколку сакате да ја видите сликата што ја имаме како доказ за вас“. Ќе се процесуира, доколку е мал прекршок ќе треба да се плати парична казна, ако е поголем прекршок ќе се оди на суд со забрана… Ме прашуваат „Ферари ако одземете што ќе направите со него“, велам ќе го дадеме на Детска градинка Цветче да се возат дечињата. Битно е дека ќе го одземеме возилото и тој што ќе управува безобзирно таков тип на моторно возило нема да го има повеќе, па да видиме со новото што ќе го купи пак ќе го прави истото, рече Тошковски.

На новинарско прашање поврзано со договорот кој Владата во мај годинава го потпиша за обновување на лиценца на софтвер за анализа на дигитални податоци, за кој опозицијата обвини дека ќе се користи за прислушкување, Тошковски рече дека лиценца за негово користење е добавена во 2021 година од неговиот претходник и дека софтверот не се користи за прислушкување, туку, како што појасни, се користи за екстракција на податоци од телефони во Одделот за форензика.

– Не знам зошто опозицијата не може да сфати дека со вакви брутални лаги, ниски обиди за манипулација, нечовечен пристап онаму каде што треба да има човечен пристап, не може да добијат позитивна енергија кај македонските граѓани. Овој софтвер е дониран од нашите меѓународни пријатели во 2014-2015 година и лиценца за негово користење е добавена во 2021 година од мојот претходник. Сега ние кога ја набавуваме лиценцата, прават теза дека истиот ќе се користел за прислушкување. Овој софтвер нема врска со прислушкување, туку истиот се користи од Одделот за форензика во делот на екстракција  на податоци од телефони, рече Тошковски.

За бегството на поранешниот вицепремиер на државата Артан Груби, министерот вели „службеното патување на Артан Груби многу долго трае, но се надевам дека еден ден ќе заврши и ќе биде процесуиран од страна на органите на прогон“, додека пак, за бегствата на екс директорите на ЕСМ и Државна лотарија, Васко Ковачевски и Перпарим Бајрами, тој нагласи дека во иднина ќе има многу повеќе лица кои ќе бидат „кабает пред себе и македонските граѓани дека душмански и без осет го краделе македонскиот народ“.

Прашан за случајот со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која го обвинува градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу за 150 дивоградби на територија на општината, и дали Арсовска пријавила во МВР дека добивала закани МВР, Тошковски рече „таква пријава од страна на градоначалничката не е доставена до МВР, но доколку во меѓувреме има пријавено сигурен сум дека се преземени соодветни чекори“.

– Министерството за внатрешни работи постапува како по пријава од надлежни органи кои што констатирале дека има одредени неправилности во делот на градење или било која друга сфера од општественото живеење, особено постапува по наредби од страна на надлежен јавен обвинтел. Точно е дека имаме постапувано во однос на нелегални градби и во други општини, не само во Општина Чаир, но точно е дека имаме постапувано по однос на нелегални градби и во општината која што ја напоменавте. Така што, добро е кога некој си ја работи работата која што му е утврдена согласно закон и уште подобро би било доколку функционерите избрани на избори би ја работеле таа работа во текот на својот вкупен мандат, а не само во последните неколку месеци, рече Тошковски.

Извор: МИА

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ