• Latest

Трагедија во Кочани: Дезинформации, манипулации и релативизација

March 17, 2025

24 ЧАСА: За платено политичко рекламирање пријавени 333 медиуми; Се активира механизмот за претставки за изборни активности онлајн; Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски; Ескалација на протестите во Србија

August 14, 2025

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

August 14, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

August 14, 2025

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 14, 2025
Фото: Володимир Зеленски / Х

Украина врати дома 84 Украинци од руско заробеништво во најновата размена на затвореници – некои заробени од 2014 година

August 14, 2025
Фото: Карл Билд/Х

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

Пуштена во употреба клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

August 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025
Илустрација: ВИ

Говор на омраза – потенцијал за тензии, поларизација и насилство, што е што во изборен контекст

August 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Трагедија во Кочани: Дезинформации, манипулации и релативизација

March 17, 2025 15:39
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кочани, Северна Македонија, 16 март 2025. Земјата се разбуди со ужасна трагедија во која загинаа 59 лица, меѓу кои имаше и малолетници и еден полицаец, а повредени се 163, од кои 45 лица од повредените се во критична состојба и се транспортират во странство. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кои настрадаа десетици лица настанал од употреба на пиротехнички средства прскалки, кој ги донел член на групата „ДНК“ кој е меѓу починатите. Во објектот имало вкупно 500 лица, а биле продадени 250 карти, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Вчерашните (дез)информации што ги споделуваа медиумите беа дека во дискотеката имало околу 1.500 души и околу 80 загинати, што според официјалните податоци се потврдува дека тоа беа шпекулации и дезинформации. Најмногу дезинформации се објавуваа за пејачот на ДНК, Андреј, дека исчезнал, дека е во болница со повреди, за на крај да се воспостави дека е меѓу загинатите.

По изјавата на министерот Тошковски, на Фејсбук се јави сопругата на еден од загинатите вокалисти на ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, која вели дека полицијата дрско се однесуваше со нејзе и дека се лаги изјавите дека член на групата беше задолжен за пиротехниката.

„Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете. Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив. Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов“, вели таа.

Таа ги замолува сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи како и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан.

„Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ!“, нагласи Ѓоргиеска.

Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала.

Дел од медиумите и на социјалните мрежи се сподели информацијата дека една од вратите ја затвори полицијата поради рација, меѓутоа Тошкоски вели дека се работи за шпекулации бидејќи една од вратите ја затвори самиот сопственик, а не полицијата.

Колку лица имало во дискотеката и дали едната врата ја затвори сопственикот а не полицијата не можевме да ја верификуваме од независен извор.Во СВР Скопје и СВР Тетово се приведени пет лица со кои се врши разговор, меѓу кој и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа.

„Во моментов се осомничени 23 лица, 11 се во притвор, и денеска ќе има нови приведувања на лица поврзани со трагедијата во Кочани, и дека дел од нив ќе бидат и од Министерството за внатрешни работи“, рече Тошковски.

„Шталата“ како што ја нарече Тошкоски, 15 години работела во објект регистриран за друга намена.

Министерот за внатрешни Панче Тошковски, како и премиерот Христијан Мицкоски се обидуваат вината за ужасната трагедија да ја префрлат на „трулиот систем“ кој го наследија од претходните влади.

„Корупцијата и криминалот не доведуваат до фаза да ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смениме нешто, или оваа држава ќе ја немаме“, рече Тошковски.

„Да повикаме на заедништво и сплотеност и да се насочите кон фактите и се она кое е важно за почеток на едно големо ресетирање на системот. Систем кој не вовлекува сите и сака да не проголта. Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно, нешто цврсто и принципиелно, кое ќе може да го совлада овој систем кој ја проголтува нашата држава и е главна пречка, закана и опасност за тоа дали оваа земја ќе преживее или не. Или ќе нè биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овој пат нема да има повлекување, нагласи премиерот.

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, истакна дека целосната морална материјална и кривична одговорност за оваа трагедија не може да се бара на ниедно друго место освен во самата Влада, Министерството за внатрешни работи и Општина Кочани.

„Уште од утринските часови кога пристигнуваа првите информации од Кочани медиумските јастреби на владејачките партии почнаа да ги ставаат темелите на големиот спин којшто во текот на денот се разви во официјален наратив на Владата, рече Адеми во изјава пред полициската станица „Карпош“, што ја пренесоа дел од медиумите, додека траеше распитот на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, во врска со трагедијата во Кочани.

Адеми рече дека преку портал уште во 9 часот почнала да се развива теорија дека зад настанот во Кочани стои некој Албанец.

„Наместо министерот за внатрешни работи, кој што е министер во последните 14 месеци, да ја преземе одговорноста што дозволил 12 месеци да работи кабарето без лиценца, секојдневно да се организираат собири спротивно на сите законски прописи и стандарди тој се обидува на бесрамен начин да ја префрли дебата на етничка и партиска димензија“, изјави Адеми.

Премиерот Мицкоски реагира на пресконференцијата на Адеми од ДУИ потенцирајќи дека нема да има милост за никој, и ако треба за уши од дома ќе ги ваделе.

„И тука повторно ќе кажам, да им одговорам на оние што прават полноќни прес конференции, тука нема политика ќе одговарате сите кои што се дрзнале на овој начин да водите политика, на грбот на граѓаните и на животите кои што овие деца ги изгубиле и нема да има милост од дома ќе ги вадиме, ако мислат дека на етничка карта да играат и на политиканство со тие полноќни прес конференции, од дома за уши ќе ги вадиме, ова треба да го знаат, вели премиерот Мицкоски.

На социјалните мрежи партиските ботови ја засилија „тивката кампања“ дека актуелната власт не е крива за ништо, туку лица од ДУИ и СДСМ, односно Крешник Бектеши и Размена Чекиќ Дуровиќ.

Имаше и такви кои и од овој трагичен настан ширеа руска пропаганда дека ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска ги даде армиските хеликоптери на Украина и сега нема со што да се транспотрираат повредените во болница.

„Да не ги дадеше Цаци у Украина хеликоптерите ќе имавме со што да ги транспортираме повредените ние а не да бараме помош од друга војска. АРМ зар се самораспушти…“, гласи една објава на Х платформата.

Дел од граѓаните бараа правда и за загинатите во модуларната болница во Тетово, за собраќајните автобуски несреќи во Бугарија и Ласкарци итн.

Но, дел од граѓаните велат дека системот не функционира кога токму власта го заобиколува.

„Фалц лиценца е проблем, фалц диплома на шефот на АНБ не е. Сега сфаќаш ли бе Мицика зошто не треба да ставаш на позиции луѓе со фалц дипломи?, пишува еден на Х.

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе неотповиклива оставка по 24 часа од трагичниот настан

Папазов сподели со јавноста зошто во текот на вчерашниот ден не излегол во јавноста. Причината за тоа, како што вели, е затоа што е скршен и дека тешко ќе ја преживее трагедијата на градот чија управа ја раководеше.

„За мене, после оваа трагедија, ништо повеќе нема исто значење! Ова беа наши деца! Многумина, со право, забележаа зошто вчера не излегов во јавност цел ден. Но, тие што ме познаваат знаат колку сум скршен и како го доживувам ова што се случи. Тешко е, и тешко ќе го преживеам“, вели Папазов.

На крајот, Папазов завршува со ставот дека никогаш не би помислил дека вака ќе заврши неговиот ангажман како градоначалник.

„Работев чесно и посветено целиот свој живот! Никогаш не сум ни помислил дека вака ќе заврши и мојот ангажман, но сега се повлекувам од оваа функција, молејќи го Бога за душите на нашите деца, за нивните семејства и за народот на Македонија!“, вели Ппазов.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, меѓу другото, изјави дека со Папазов вчера беше извршен службен разговор и дека, доколку се утврди било каква одговорност, тој ќе биде санкциониран.

Министерот за внатрешни работи Тошковски и премиерот Мицкоски чувствуваат морална одговорнот, но како што велат за оставки не размислуваат се додека не го средат корумпираниот систем, па дури потоа ќе одат на избори.

„Целата морална одговорност нека биде на мене, но прво ќе го поразам овој систем, односно ќе биде како што треба. Односно, сето ова што денеска го почнуваме ќе вроди со плод, а потоа нема поголем суд од судот на народот на избори кој треба да каже дали и кој треба да понесе морална одговорност“, рече Мицкоски.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска.

„Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, пациентите кои што беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба. И тие што беа пренесени надвор од државата, вкупно 51 до сега, сите се во генерално стабилна состојба. Но, се појавува еден нов проблем да има пациенти кои вчера не се јавени, и денеска се јавуваат. Јас би сакал да упатам порака до сите што биле дел од трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле вчера, ги молам денеска да се пријавуваат, рече Таравари.

Како што рече, сите пациенти кои беа во Кочани и Штип, сега се сместени во Скопје. Во Кочани и Штип повеќе нема пациенти. Таравари подвлече дека ситуацијата е под контрола и очекуваат помалку компликации.

Студентите ја исвиркаа министерката Јаневска на денешниот протест пришто и порачаа – „Не собирајте политички поени од оваа трагедија“.

По вчерашната трагедија во Кочани, денес два протести се одржаа во чест на загинатите млади луѓе, еден во Скопје, организиран од студентите и друг во Кочани, каде се случи трагедијата. Студентите од Скопје кои сочувствуваат со семејствата на загинатите и повредените во пожарот точно напладне го преполнија платото пред УКИМ и со цвеќиња и свеќи во рацете им оддадоа почит на сите засегнати од трагедијата со 7 минутен молк.

На протестот се обрати и министерката за образование Весна Јаневска која истакна дека жали за случајот и за загубените млади животи. Доделка таа говореше на еден студент му се слоши, но министерката го продожи говорот, пришто студентите ја исвиркаа и и порачаа дека во тој момент не сакаат да ја слушаат и да да не собира политички поени.

На протестот во Кочани се случија немири. Граѓаните го демолираа кафулето „Класик“ на сопственикот на кабаре Пулс, откако претходно фрлаа со јајца кон Општината.

Владата прогласи седумдневна жалост.Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје. Институциите ги откажаа настаните.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ