• Latest

Трајанов: Првиот чин за демократизација на Македонија е една изборна единица

June 5, 2018

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трајанов: Првиот чин за демократизација на Македонија е една изборна единица

June 5, 2018 18:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Полека Република Македонија западна во еден зимски сон, и ако не се некои од невладините организации или некои од колумнистите не можеме да се пробудиме, но мислам дека изјавата на претседателот на Владата, Зоран Заев, дека новото име ќе биде Илинденска Македонија, прилично сите не шокираше, и почна да се раздвижува државата или сите ние“, рече Павле Трајанов од Демократски сојуз на денешниот јавен настан „Аларм: Слободни избори, услов за кој (не) се преговара“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Трајанов додаде дека треба да се сугерира на Владата да се направи една работна група која што ќе работи на промена на Уставот на Република Македонија, и дека не може постојано да бидеме во криза и да викаме дека Уставот е добар, а лоши се другите решенија. Според него, нема да има длабоки и суштински реформи доколку не се променат одредени решенија во Уставот, врзани за судството, за улогата и позицијата на Претседателот на државата кои што смета дека неговите уставни овластувања треба во голема мера да се редуцираат и треба да се зајакне самостојноста на Уставниот суд, да нема политичко влијание врз него.

„Една од крупните промени, за да не ни се случи повторно да сите ние сега да поддржиме нов авторитарен систем и лидер, затоа што системот во Република Македонија, претседателот на партијата што владее сите работи тој ги решава и сите што имаат какви било идеи, сите патишта водат кон Претседателот на Владата“, рече Трајанов.

Според него, еден од крупните промени кои можат да придонесат за демократизација на државата е изборниот модел, и овој модел како што функционира сега покажува дека ги фаворизира големите партии и дека помалите политички партии немаат шанса.

„Постојниот изборен закон ги фаворизира првите најголеми четири политички партии. Тие од 1 до 4 се ставаат на гласачкото ливче, имаат две третини од медиумското време, па билборди, вклучување само од кај нив членови  во избирачки одбори, изборни комисии, па се до централна изборна комисија.  Целиот концепт е конструиран да да не може да ја наруши удобноста на една или друга политичка партија, зависно која е на власт, која е во опозиција, и тие две партии имаат непишан договор ако се појави нова сила или групација, да направат се таа да биде ослабната“, додава Трајанов.

Тој смета дека прв чин на демократизација на Македонија или реален одраз на гласачите, ќе биде доколку Македонија има една изборна единица, и дека обврска на невладиниот сектор, медиумите и експертите e да притискаат Македонија на следните избори да биде една изборна единица.

Ангела Петровска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Биљана Јордановска

Tags: алармПавле ТрајановСлободни избориЦивил
Share33TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ