Пратеникот Трајко Велјаноски, чиј имунитет „преживеа“ минатата недела, денеска се врати на работа, како ништо да не се случило. Седна во својата пратеничка фотелја и гласаше ЗА законот за измени на законот за ДДВ.
Јавното Обвинителство поднесе барање за притвор на експретседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, како еден од петте организатори на крвавиот 27 април 2017. Заедно со Велјаноски осомничени се и Никола Груевски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски. Велјаноски го избегна губењето на имунитетот, откако Собранието не успеа да го направи тоа во законски рок, нешто што предизвика силни бранувања во јавноста.
А. Зеќири
Повеќе за темата „имунитет“: