• Latest

Трајко се спаси, партиите играат пинг-понг со одговорноста

February 24, 2019
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трајко се спаси, партиите играат пинг-понг со одговорноста

February 24, 2019 18:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Арбен Зеќири

Трајко Велјаноски вчера успеа да се спаси од комисиската одлука за одземање на неговиот пратенички имунитет, благодарение на отсуството на членот од редовите на ДУИ. Гласањето помина 4-4, затоа што членот на комисијата за мандатни и имунитетни прашања, Агим Шаќири отишол во болница заради здравствени причини. Вчерашното гласање, кое е прв пат во историјата на Собранието на Северна Македонија, кога станува збор за одземање на пратенички имунитет, го направи уште понеизвесно заседавањето на пленарната седница. А во меѓувреме, политичките партии играат пинг-понг за тоа кој му помагал на Трајко да се спаси, можеби и конечно, од одземањето на имунитетот и одлежувањето на притворот. Матичната партија на пратеникот Шаќири и тој лично, одговорноста ја префрлаат кај претседателот на комисијата, Павле Богоевски, а тој, пак, кон ДУИ и заменик членот од оваа партија. Од друга страна и во нивните ставови и образложенија има низа сомнителни елементи.

Напад на Собрание, 27 април 2017

Многуте паузи и неочекуваното гласање

Преку цел ден, во саботата, додека траеше дискусијата, претседателот на Комисијата за мандатни и имунитетни прашања, Павле Богоевски, даде неколку паузи, а последната беше онаа што ја даде во 18 часот, а која траеше цел еден час. Неофицијално, по ходниците на Собранието се зборуваше дека гласањето ќе биде околу 23 часот, но тоа се случи многу порано од тој термин, поточно, во 21:30 часот. Со овие факти се бранат и пратениците на ДУИ кои го обвинуваат Богоевски дека не чекал да дојде заменичката на Шаќири, кого лекарите го задржале во државна болница заради здравствени компликации.

Павле Богоевски: Немав потврда дека со сигурност ќе дојде заменичката на членот од ДУИ (фото: ЦИВИЛ)

„Зошто предвреме се прекина работата на мандантно-имунитетната комисија синоќа? Синоќа околу 19:00, по дводневната работа во Комисијата, по судското барање да се одземе имунитетот на пратеникот Велјаноски, на пратеникот Агим Шаќири му се слоши и заврши во Клиничкиот центар во Скопје. Лекар му препиша терапија и му нареди да остане во болница вечерта. Го посетивме и синоќа и утринава. Соочувајќи се со оваа ситуација, околу 21:00 часот кога требаше да продолжи седницата по паузата, ја побаравме заменичката на Агим, пратеничката Мирсада Емини-Асани од Гостивар за да го замени Агим. Испративме возач да ја земе нашата пратеничка и да ја донесе, но околу 21:30 часот, неочекувано и наспроти договореното, комисијата прекина со работата и ја стави одлуката на гласање без да ја почека нашата пратеничка која ќе пристигнеше околу 22:30 часот, додека рокот истекуваше на полноќ“ – напиша координаторот на ДУИ, Ејуп Аљими на неговиот профил на Фејсбук.

За ТВ Телма се изјаснила и пратеничката Мирсада Емини-Асани која на сличен начин го обвинува Богоевски, истакнувајќи дека таа веќе била спремна да патува кон Скопје. Но претседателот на Комисијата се брани со тоа дека, со чекањето на Емини-Асани, постоел ризик да пропадне целата процедура и на крајот да нема ни кворум за подготовка на извештај. Тој инсистира дека пробал да ја контактира пратеничката, но не ја добил на телефон, затоа не сакал да ризикува повеќе.

„Јас се обидов да ја добијам неколку пати, но не успеав да разговарам со неа и немав потврда дека со сигурност ќе дојде. Ако го оставев гласањето за 23 часот, ризикував седницата воопшто да нема кворум, затоа што сѐ што требаше да направат пратениците од ВМРО ДПМНЕ е да излезат од салата и да не гласаат и ако колешката не беше дојдена ќе немавме кворум за гласање. Во оваа ситуација, единствено полоша работа од тоа Комисијата да нема став е Комисијата да нема кворум, да не гласа и да не може да поднесе извештај. Ако ние вчера не гласавме и не поднесевме извештај, денеска претседателот Џафери немаше да смее да закаже седница“ – изјави Богоевски за ТВ Телма.

Од 18, односно 19 часот до 21:30, (не)доволно време за замена на член!?

Додека координаторот на ДУИ тврди дека на Шаќири му се слошило во 19 часот, самиот пратеник тврди дека случката била во 18 часот.

„После паузата што ја даде претседателот на Комисијата во 18 часот, отидов во Ургентен центар на државната клиника, каде бев задржан од лекарите заради сериозни здравствени проблеми. Се слушнав со координаторот на парламентарната група на ДУИ, Ејуп Алими кој дојде да ме посети во клиника и после оваа ситуација, координаторот предзеде мерки за заменик членот Мирсаде Емини Асани да отиде на гласање, но Комисијата ја прекина работата и ја стави на гласање одлуката без да ја чека нашата пратеничка“ – изјави Шаќири за ТВ 21.

Освен разликата во терминот кога тој отишол во болница, нејасно и неодговорено останува и прашањето зашто на ДУИ не му биле доволни три, односно четири часа до моментот на гласање за да ја донесат пратеничката од Гостивар до Скопје. Нашата екипа проба да го контактира пратеникот на ДУИ, Агим Шаќири, но тој не одговори на нашиот повик.

Сега слободата на Трајко е во рацете на Талат.

Пинг-понг и со понатамошната процедура

Не само за одговорноста околу тоа кој е виновен за вчерашното гласање, но партиите сега играат пинг-понг и за тоа како треба да се постапи понатаму. Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, веднаш по вчерашното гласање тврдеше дека ремито во Комисија значи дека конечната одлука треба да ја донесе Собранието на пленарка.

„Тоа не значи дека барањето е одбиено, не значи ни дека се препорачува негово прифаќање. Едноставно, значи дека оваа точка ќе биде пренесена за одлучување на пленарна седница како што секогаш се прави. На крајот на денот, за имунитетот на одреден пратеник не одлучува Комисијата, туку одлучува Собранието во целина” – изјави Богоевски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на излегување од комисиската сала рекоа дека со недонесувањето на одлуката во оваа комисија, значи дека нема одобрување и според нив, веќе нема простор за што да заседава Собранието.

Конкретна одлука до објавување на овој текст немаше ни од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Иако се тврдеше дека Собранието е должно во рок од три дена, конкретно до недела на полноќ да му одговори на судот, до попладневните часови Џафери не свика седница. Официјално објаснување немаше, а неофицијално, во разни медиуми, се тврди дека и првиот парламентарец има дилема дали треба да свика седница или не, имајќи предвид дека Собранието никогаш порано немало ваков случај, а ниту Деловникот не е прецизен за понатамошните фази.

Сѐ на сѐ, останува непријатното (прет)чувство дека со јавноста, а и со правдата се игра лоша партија пинг-понг, со наместени потези и договорени резултати. Дали оваа, последна констатација ќе се покаже како точна или неточна, ќе стане јасно многу брзо. Тогаш, ќе биде доцна да се врати довербата.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share73Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ