Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ, во дебата со Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања, на ТВ Телма кажа:
„Во човечки капитал не се вложува со зголемување од 2-3 илјади на платата. Вие не можете да се натпреварувате со платите во Германија, што сега ќе зголемите за 50 евра и ова што кажувате дека ќе спречите младите или не знам кој да оди во Германија.“
Славевски го помниме и како министер за финансии во владата на Груевски од 2006 до 2009 година и министер за развој во владата на Љубчо Георгиевски, од 1998 до 2000 година, но и како универзитетски професор по економија. Оттаму, изненадува неговата недоследност и често менување на ставовите. Тој и претходно ги критикуваше мерките на зголемување на минималната плата, за во еден момент да праша каде е зголемувањето на платите до 16.000 денари. Сега се враќа на претходните критики противејќи се на зголемувањето на платите.
Оваа изјава на Славевски наиде на потсмев и револт во социјалните мрежи. Така, на својот ФБ профил, на Славевски му реплицираше и пратеникот Јован Митрески: „Претходно, не зголемувајте од 9.000 на 12.000, ќе останат без работа… Во меѓувреме, каде е ветената минимална од 16.000… Сега, не ја зголемувајте, ќе штрајкуваат… Ќе штрајкуваат затоа што ќе ја зголемиме платата???!!! На што падна дпмне? Од волунтеризам до дилетантизам… Недај боже… Како и да е, ние ќе ја зголемиме, а тие нека ја вратат на 9.000, кога ќе се вратат на власт во 2029, октомври… само здравје дотогаш.“
Џ. Дерала