• Latest

Трајковски: Луѓето одамна не се само граѓани на својата земја, град или регион, тие се и граѓани на Унијата

October 19, 2020
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајковски: Луѓето одамна не се само граѓани на својата земја, град или регион, тие се и граѓани на Унијата

October 19, 2020 14:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, одговори на прашања од ЦИВИЛ, за европските вредности во општината и политичките состојби во земјава по предвремените  парламентарни избори.

ЦИВИЛ Медиа: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Трајковски: Очекувам стабилен 4-годишен мандат на актуелната Влада, а тоа значи фокусирање на приоритетите, правна држава и реализација на економската програма. Оваа година актуелната пандемија го стави на тест целиот систем и здравството и економијата, но и одговорноста на секој поединец и во таа смсила, секоја одговорна влада, ковид-кризата ја става во своите приоритети. Економските пакети од Владата, очекувам да дадат ублажување на кризата и зачувување на работните места.

Но, според мене, многу несериозни изгледаат протестите на опозицијата во ова време на пандемија и во време кога не се поминати првите 100 дена од формирањето на Владата. Протестите би ги искоментирал како спас на актуелното раководство на опозицијата, за да се одржи во живот, при тоа занемарувајќи ја актуелната пандемија и опасноста која тлее од секое групирање, а за темите на протестите и да не коментирам, бидејќи тоа се теми кои беа актуелни во време кога тие беа власт, време кога имаше класична партизација на сите институции и злоупотреба на правото и правдата.

ЦИВИЛ Медиа: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Трајковски: Изборите се врв на демократијата, право на избор и тест за секоја власт. Граѓаните ја даваат довербата или казнуваат доколку не се задоволни, тие знаат да ја препознаат личноста која ја заслужува нивната доверба да ја води општината и да го ценат искрениот и посветен потег на секој градоначалник. Имам впечаток дека сите актуелни градоначалници максимално се вложуваат и работат, постојано се на терен и меѓу граѓаните за да се согледаат вистинските потреби. Од друга страна, актуелната политика на централната власт предводена од СДСМ, дава голема поддршка на општините за реализација на капитални прашања. Во оваа смисла да не ја заборавиме и финансиската поддршка која ја добија општините за анулирање стари наследени долгови. Но, како што кажав, граѓаните се тие кои ќе го кажат последниот збор и одговор на прашањето каков градоначалник сакате. Не очекувам големи промени на претстојните избори, бидејќи актуелната власт и нејзините градоначалници даваат конкретни проекти, решаваат проблеми не продаваат демагогија и празен популизам.

Во Делчево изминативе три години успеавме да решиме децениски проблеми, да изградиме капитални проекти и да создадеме отворена и транспарентна општина-која ќе биде сервис на граѓаните. Изградивме улици во населбата Басарица, каде од нејзиното формирање пред повеќе децении, немаше ставено ниту еден милиметар асфалт. Ние направивме проекти и успеавме да изградиме улици во должина од 1 км во населбата, заедно со атмосферска и фекална канализација во должина од над 2 км. Тоа е само еден пример за одговорно работење. Изградивме пешачки мост на реката Брегалница, изградивме градска капела која наскоро ќе биде ставена во функција, ставивме асфалт на многу улици, а и изградивме нови, односно реконструирана е и изградена патна инфраструктура во опшината во должина од околу 15 км со поддршка на разни фондови од државата и со средства од буџетот на Општината. Сето тоа го работиме во насока за подобар квалитет на животот на нашите сограѓани, бидејќи патната инфраструктура е основа за развој. Останува дореализацијата планирана за наредната година, на неколку клучни проекти, како што е современ градски пазар чија изградба започнува на почетокот на месец ноември оваа година, дореализација на проектот „Водоснабдување на Делчево“, во рамките на кој беше распишан меѓународен тендер и очекувам наскоро да започнат градежните работи за изградба на прочистителната станица и фотоволтаична централа, потоа изградба и реконструкција на неколку улици, а во новата изборна програма ќе го ветиме она што е и реално за реализирање. Наскоро започнува реализацијата на големиот проект „Македонија без кал“ финансиран преку Министерството за транспорт преку кој Делчево за прв пат од своето постоење од Владата добива 800 илјади евра за реализација на инфраструктурни проекти.

Горан Трајковски – Градоначалник на Општина Делчево

ЦИВИЛ Медиа: Како локалната самоуправа во вашата општина се подготвува за интеграција во ЕУ?

Трајковски: Интеграцијата во ЕУ е сложен процес. Напорите кои ги прави Владата, отворањето на поглавјата со ЕУ, имплементацијата на европските стандарди на ниво на држава, сето тоа паралелно ќе се инкорпорира и во општините како базична клетка во една држава. Но, како локална власт изминатиов период работевме на низа проекти со партнери од соседна Бугарија, преку инструментот за претпристапна помош, односно ЕУ-проекти за прекугранична соработка со кој реализиравме и инфраструктурни проекти, но и проекти кои значат надградба на капацитети. Искуствата од подготовките на проектите и од нивната реализација значат прифаќање на европските норми и стандардите. Актуелниот проект „Водоснабдување на Делчево“ кој се имплементира од швајцарска консултантска куќа се реализира по европски стандради и овој проект нуди терк на работа кој сметам дека е еден вид подготовка на нашите човечки ресурси да работат аналитички, да ја скенираат реалната состојба и врз база на анализа да донесуваат одлуки. Од друга страна, инвестирањето во инфраструктурата го подобрува квалитетот на животот, зголемувањето на платите даваат задоволни граѓани, и сето тоа е еден вид подготовка за наредниот период кој треба да донесе интеграција во ЕУ.

Како општина изминативе три години инвестиравме во младите со приближување на вредностите во образованието и нивно насочување кон дигиталната технологија, роботика и претпиемништво. Во партнерство со бугарската Фондација „Бугарско сеќавање“ наши средношколци посетуваа обуки за напредната технологија која значи еден вид подготовка на младите за светот кој се отвора и можност претприемништвото да го сфатат како можност за сопствен раст и развој, а организиравме и посета во Брисел.

ЦИВИЛ Медиа: Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Трајковски: Правниот поредок создаден од ЕУ, веќе е востановена компонента на нашиот политички живот и на општеството. Секоја година, врз основа на спогодбите на Унијата, се донесуваат илјадници одлуки со клучно влијание врз земјите-членки на ЕУ и врз животот на нивните граѓани. Во една анализа е нотирано дека луѓето одамна не се само граѓани на својата земја, град или регион, тие се и граѓани на Унијата, па следствено на тоа и вредностите кои се збир на правила имаат влијание на секојдневието на човекот, но и на развојот на едно општество како демократско.

Вредностите засновани на владеење на правото, слободата на изразување, еднаквоста на малцинствата, човековите права и слободи, борбата со корупцијата и тероризмот и сл. се вредности кои треба да го изградат општеството похумано. Во изминатиот период кога сегашната опозиција беше власт, бевме сведоци како се манипулира со овие вредности посебно со основните човекови права, со владеењето на правото, со привидната борба со корупцијата. Верувам дека напорите кои ги прави актуелната Влада и во претходниот мандат и сега, ќе дадат плод, бидејќи како држава немаме алтернатива. Ако сакаме да пораснеме како држава и да бидеме зрела членка во интегрираното европско семејство, треба да ги прифатиме европските вредности и да дадеме можност на натпреварот на идеи, на квалитетот на поединецот и да создаваме услови за развој во секое поле. Доколку успееме да ги инкорпорираме овие вредности дома, а следствено на тоа да го направиме нашето Делчево- европско, тогаш, верувам дека и нашите млади нема да одат во странство за да ги живеат тие вредности, туку својата иднина ќе ја градат во родното место.

обработка на текст: Дехран Муратов

Share39Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ