Претседателот Доналд Трамп во четврток изјави дека ги прекинува трговските разговори со Канада, туркајќи ги односите меѓу блиските северноамерикански соседи и економски партнери во нова криза, пренесува Си-ен-ен.
Трамп изјави дека ги откажал разговорите како одговор на рекламата објавена минатата недела од владата на канадската покраина Онтарио, во која беше содржано аудио од говорот на поранешниот американски претседател Роналд Реган во кој ги критикуваше тарифите за странски стоки.
Во говорот од 1987 година, Реган ги критикуваше тарифите како штета на „секој американски работник и потрошувач“ и „предизвикувајќи жестоки трговски војни“.
Откако рекламата беше емитувана, Фондацијата Роналд Реган тврдеше дека таа „погрешно го претставува“ говорот и дека владата на Онтарио не побарала дозвола за користење на клипот.
Д. Мишев












