Администрацијата на Трамп ќе го ограничи бројот на бегалци примени во САД на 7.500 во текот на следната година и ќе им даде приоритет на белите Јужноафриканци, пренсува Би-би-си.
Овој потег, најавен во известување објавено во четврток, означува драматично намалување од претходната граница од 125.000 поставена од поранешниот претседател Џо Бајден и ќе го доведе ограничувањето на рекордно ниско ниво.
Не беше наведена причина за намалувањето, но во известувањето се вели дека тоа е „оправдано од хуманитарни причини или е во национален интерес“.
Во јануари, Трамп потпиша извршна наредба со која ја суспендира Програмата за прием на бегалци на САД, или USRAP, за која рече дека ќе им овозможи на американските власти да дадат приоритет на националната безбедност и јавната сигурност.
Претходниот најнизок лимит за прием на бегалци беше поставен од првата администрација на Трамп во 2020 година, кога беа доделени 15.000 места за фискалната 2021 година.
Во известувањето објавено на веб-страницата на Федералниот регистар се вели дека 7.500 приеми „првенствено“ ќе бидат доделени на Африканери (бели жители) од Јужна Африка и „други жртви на нелегална или неправедна дискриминација во нивните соодветни татковини“.
Д. Мишев











 
			
 

 
 
 
 
