• Latest
Фото: МИА

Трамп победи на изборите за претседателски кандидидат од републиканците во Ајова

January 16, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп победи на изборите за претседателски кандидидат од републиканците во Ајова

January 16, 2024 08:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател Доналд Трамп победи на прелиминарните избори за претседателски кандидат од републиканците што синоќа се одржаа во Ајова.

И покрај арктичкиот студ што ноќеска на некои места достигна -37 степени Целзиусови, републиканците од оваа сојузна држава гласаа на таканаречените „какуси“, собири по цркви, училишта и други јавна места, и го избраа Трамп за свој кандидат на претседателските избори закажани за годинава во ноември, пренесува МИА.

Далеку зад него за второ место се бореа поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, и гувернерот на Флорида, Рон Десантис. На анкетите во Ајова Трамп водеше со 53 отсто, додека рејтингот на Хејли и Десантис беше 19 и 16 отсто соодветно.  Тројцата изминатата недела интензиво митингуваа во Ајова, иако Трамп откажа неколку митинзи поради екстремно ладното време.

Резултатите во Ајова се важни и покажуваат какво би било расположението на републиканците на следните гласања во клучните држави, како она закажано во Њу Хемпшир на 23 јануари.

Победата на Трамп значи дека партијата стои зад него и покрај лажните тврдења дека изборите во 2020 година биле украдени, но и фактот дека против него се покренати 91 кривично обвинение поврзани претежно со скандалот со отуѓување на доверливи државни документи и обидите да се укинат изборите во 2020 година.

Ако Трамп навистина победи ќе следува повторен дуел меѓу него и претседателот Џо Бајден по оној пред четири години. Бајден тврди дека во напорите да ги дискредитираат изборите во 2020 година, Трамп и неговите соработници претставуваат закана за американската демократија.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АјоваДоналд ТрампизбориСАД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result