Претседателот на САД, Доналд Трамп планира да потпише проглас за охрабрување на мигрантите кои се нелегално во Соединетите Држави доброволно да ја напуштат земјата, според функционер на Белата куќа, јавува Ројтерс.
Иницијативата „Проект враќање дома“ ќе ги охрабри мигрантите да се „самодепортираат“ со помош на федералната влада и финансиска поддршка, или ќе се соочат со спроведување и казни, според функционерот.
Администрацијата на Трамп се обиде да ги охрабри мигрантите доброволно да заминат со закани со високи казни, обиди за одземање на легалниот статус и депортирање на мигрантите во озлогласените затвори во Гвантанамо Беј и Ел Салвадор.
Според Ројтерс, Министерството за внатрешна безбедност во понеделникот соопшти дека ќе понуди стипендија од 1.000 долари и помош за патување на мигрантите кои ќе одлучат доброволно да ја напуштат земјата.
Д. Т.