• Latest

Тренчевска: И момчињата и девојчињата треба да ги уживаат човековите права на иста основа без дискриминација

October 5, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Тренчевска: И момчињата и девојчињата треба да ги уживаат човековите права на иста основа без дискриминација

October 5, 2023 18:59
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше дел од панел дискусијата „Стратешко планирање за храбра иднина за телесната автономија на жените и на девојчињата во регионот“ како дел од конференцијата „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња“.

Министерката го истакна значењето на телесната автономија посочувајќи дека нашето тело е единствено нешто што ни припаѓа нас и одлуката за тоа што ќе правиме со телото е само наше. Таа посочи дека тоа е основно човеково право чиј темел е родовата еднаквост.

„Родовата еднаквост е во основата на телесната автономија. Затоа што и девојчињата и момчињата треба да ги уживаат човековите права на иста основа, без дискриминација, без насилство и со разобличување на родовата нееднаквост во социјалните норми“ рече министерката.

Таа истакна дека она што треба да го направиме во иднина е градењето на партнерство со мажите. Посочувајќи дека и денес во публиката на конференцијата присуството на мажи треба да биде поголемо за да не ја водат дискусијата за вакво важно прашање само жените.

„Ако сакаме жената да ја вклучиме на пазарот на трудот и одлучувачките процеси мораме да имаме политики каде се усогласува семејниот и професионалниот живот. Додека за успех она што во иднина треба да го направиме е поголема примена на одредбите од меѓународните конвенции и обврската која државата ја има земено кога ги има ратификувано“ истакна Тренчевска.

Таа се осврна и на брзиот технолошки развој и зголемената употреба на социјалните медиуми, посочувајќи дека наместо да донесат добро тие придонесоа кон поголема дискриминација и стигма кон концептот на родова еднаквост меѓутоа и кон жените кои имаат голем придонес кон различни области во животот. Министерката во оваа насока истакна дека мора да се работи и со младите на оваа тема затоа што со налетот на новите технологии младите имаат се помалку информации за нивната вистинска примена. Таа истакна дека тие се секојдневно подложни на читање на лажни вести за кои се помалку се проверува изворот на веста. Министерката рече дека со поголемата едукација на овие прашања може да се даде поголем отпор на анти-родовите движења.

 

Tags: Јована Тренчевскачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ