• Latest

Тренчевска: „Јас сум повеќе од она што се случи, јас сум само дете“ да биде водилка во  обезбедувањето на правда за секое дете

October 20, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: „Јас сум повеќе од она што се случи, јас сум само дете“ да биде водилка во  обезбедувањето на правда за секое дете

October 20, 2022 14:50
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на настан во организација на УНИЦЕФ, насловен „Преглед на реформите поврзани со правдата за децата“, на кој зборуваше за тоа како системот за социјална заштита може да допре до најранливите деца, обезбеди превенција и да ги заштити децата кои веќе се во контакт со правосудниот систем, соопшуваат од МТСП.

„Јас сум повеќе од она што се случи, јас сум само дете“ да биде водилка во  обезбедувањето на правда за секое дете, “ истакна министерката Тренчевска  на панел дискусијата, на која беше емитувана вистинска приказна од дете во ризик односно дете во судир со законот.

Тренчевска посочи дека министерствата  за правда, образование и наука, внатрешни работи и министерството за труд и социјална политика, а во соработка со граѓанските организации и поддршка на меѓународните организации, односно преку мултисекторска координација и пристап треба да обезбедат правилен раст и развој на децата и нивно целосно и правично учество во општеството. Затоа што, како што потенцираше министерката, инвестирањето во децата е најдобрата инвестиција во една држава.

Таа упати  дека од големо значење за правилниот детски развој е детето да биде вклучено во предучилишното воспитание и образование и понатамошниот образовен процес. Во годините на развој, големо влијание има и пристапот и работата на стручниот кадар во градинките и училиштата.

„Кога се зборува за „дете во ризик“ се зборува за дете кое има некаква попреченост, детето е жртва на насилство или е воспитно и социјално запуштено, дете сведок на насилство и поради таквата состојба многу лесно може да тргне по погрешниот пат. Овде е клучната улога на Центрите за социјална работа и министерството за труд и социјална политика, преку реформите во системот на социјална заштита од 2019 година, и воведувањето на водители на случај или кејс менаџмент, да ги детектираат оние семејства каде имаме ранливост и ризик , децата од тоа семејство покажат или да бидат вклучени во некакви девијантни или деликвентни однесувања односно да дојдат во контакт или судар со законот, “ рече Тренчевска.

Таа зборуваше и за процесот на деинституционализацијата која е дел од социјалната реформа преку која гломазните институции се заменија со мали групни домови, кои на децата без родители и децата во судир со законот им обезбедуваат 24 часовна поддршка од стручен тим и пријатна семејна атмосфера.

Министерката истакна дека потребна е понатамошно унапредување на законските решенија, подзаконските акти и стратешки документи кои ги даваат насоките за постапување на институциите.

„Мултисекторскиот пристап на институциите има клучно значење особено во процесот на превенција, креирањето на политиките, за да овозможиме секое дете го оствари својот сон и му обезбедиме  правилен раст и развој,“ порача Тренчевска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ