• Latest

Тренчевска: Поддршката од УНФПА во подготовката на новата стратегија за демографски политики е од голема важност

April 6, 2022
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Поддршката од УНФПА во подготовката на новата стратегија за демографски политики е од голема важност

April 6, 2022 14:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Џон Кенеди Мосоти, директор на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Северна Македонија, Србија и Косово,  и Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларијата УНФПА во земјава, на која разговараа за подготовката на новата Стратегија за демографски политики на Северна Македонија, пренесува МИА.

МТСП посочува дека документот има огромно значење зашто со него се  идентификуваат приоритетните области и насоки за подобрување на постојните демографски трендови преку спроведување долгорочни политики и подрачја на дејствување кои директно и индиректно влијаат на демографскиот развој во државава.

Како што соопшти МТСП, министерката истакна дека на подготовката на новата стратегија за демографски политики претходи процес на проценка на постојната стратегија  и степенот на нејзина имплементација, а потоа следува формирање на меѓусекторска работна група која ќе даде препораки за развој на новата стратегија. Пракса е да бидат организирани и завршни работилници за финализирање на предлог приоритетите и политиките на делување.

-Новата  стратегија ќе се подготвува со учество на сите надлежни институции, домашни експерти, како и техничка и експертска поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). За подготвената нацрт-верзија ќе биде организирана широка јавна дебата, на која сите чинители во општеството ќе бидат запознати и ќе имаат можност за коментари, рече Тренчевска.

Министерката посочи дека крајниот резултат е да подготвиме стратегија изградена на реални демографски податоци – за миграцијата, стареење на населението, наталитетот и  која ќе даде вистински насоки во градењето на политиките кои се однесуваат на целото население во државата, политики за здравството, образованието, социјалната заштита, социјалните сервиси, вработување, родовата еднаквост во сите сфери на општеството и друго. Нацрт-верзијата на новата стратегија се очекува да биде финализирана до јуни 2023 година.

Директорот на УНФПА Џон Кенеди Мосоти истакна дека УНФПА со експертска и техничка поддршка како и добрата пракса активно ќе учествува во подготовката на новата стратегија и дека сите заложби и постигнати резултати на Министерството за труд и социјална политика и министерката Тренчевска се јасно видливи и препознаени. Како што информира МТСП, тој изрази и задоволство од идните планови и проекти на министерството.

На средбата се разговараше и за отворањето на Ресурниот центар за родово одговорно буџетирање кој е прв од тој формат во Европа, а ќе обезбедува обуки за унапредување на капацитетите на државните службеници во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање, како центар на знаење кој ќе документира истражувања, анализи и други ресурси поврзани во областа на родовата еднаквост.

– Родовата еднаквост и еднаквите можности на жените и мажите е еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, а во таа насока се и сите активности кои имаат за цел унапредување на законодавството,  политиките и стратешките документи кои се однесуваат на оваа област, рече Тренчевска.

МТСП во соопштението наведува и дека двете страни се согласија оти соработката ќе продолжи и во иднина со уште позасилено темпо во областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ