• Latest
Фото/ од фејсбук профилот на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Тренчевска: Постојан раст на минималната плата и мерки за активирање на невработените лица

January 19, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Постојан раст на минималната плата и мерки за активирање на невработените лица

January 19, 2023 11:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото/ од фејсбук профилот на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Фото/ од фејсбук профилот на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Share on FacebookShare on Twitter

Растот на минималната плата, програмите и мерките насочени за спречување на одливот на работници во странство, капиталните инвестиции и вработувањата во детските градинки се темите за кои синоќа се осврна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ, пренесува МИА.

-Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата, посочи Тренчевска.

Таа појасни дека секоја година во март минималната плата ќе се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50 отсто од порастот на  трошоците за живот и 50 отсто од порастот на просечната плата од измината година.

Според првичните проекции, појасни Тренчевска, порастот на минималната плата ќе биде 12 -13 отсто и ќе надмине 20 илјади денари, мартовската плата ќе биде повисока за околу 2000 денари.

Во однос на можни злоупотреби од страна на работодавачите во делот на исплата на минимална плата, министерката Тренчевска посочи на податокот дека во 2022 година имало 69 пријави за неисплатена минимална плата, упатува на поголема побарувачка и помала понуда на работници.

Во врска со членот 8а од Законот за минимална плата, кој се однесува на усогласување на колективните договори во делот на плати,  растот на  минималната плата со останатите плати, министерката појасни дека се работи за член кој е во преодни и завршни одредби и неговата важност е во моментот на носењето, значи важноста е завршена, зашто во спротивно ќе бил вклучен во следните измени.

Во врска со платите во приватниот сектор, министерката истакна дека државата ги поставува минимум стандардите, а висината на платата е договорен однос меѓу работникот и работодавачот.

Министерката информираше дека согласно податоците од УЈП, од  693 илјади работници,  89 илјади земаат минимална плата или тоа се околу се 12 отсто од вкупниот број на работници.

На прашањето како да се спречи одливот на работници во странство, министерката се осврна на политиките и мерките на економските ресори на Владата. – Согласно податоците на Агенцијата за вработување, 65 отсто од евидентираните невработени се неквалификувани работници, со основно или незавршено средно образование. Таргет со Оперативниот план на програми и мерки за 2023 година се токму овие лица, кои преку, доквалификации, преквалификации, обуки, стекнување на вештини ќе станат активни работници на пазарот на труд, посочи Тренчевска.

Министерката истакна дека програмите и мерките се креирани  во консултација со стопанските комори и ТИРЗ зоните, затоа што овие работници се најпотребни на реалниот сектор.

Тренчевска се осврна и на капиталните инвестиции во детската заштита, како и на вработувањата на стручен кадар во градинките.

-Министерството за труд и социјална политика продолжува интезивно да вложува во изградба на детски градинки со цел намалување на листите на чекање. Во однос на стручниот кадар во градинките, последните пет години вработивме 3000 нови воспитувачки и негувателки, посочи Тренчевска.

Tags: Јованка Тренчевскаминимална платаМинистерство за труд и социјална политика
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ