• Latest

Тренчевска: Само преку регионална соработка можеме да успееме во воспоставување на родовата еднаквост

December 6, 2022

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Само преку регионална соработка можеме да успееме во воспоставување на родовата еднаквост

December 6, 2022 15:44
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Јаин, Заменик амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Луциен Аегертер и Раководителката на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред присуствуваа на регионалната конференција, Родово одговорни политики – Добри пракси и предизвици од регионот. Конференцијата е во организација на Министерството за труд и социјална политика заедно со UN Women Скопје со поддршката од Швајцарија и Шведска.

На почетокот министерката Тренчевска се заблагодари на сите присутни од регионот, партнерите и меѓународните организации и истакна дека само преку взаемна  соработка може да има напредок на полето на родова еднаквост преку размена на добри пракси и предизвици.

„Владиниот механизам кој што се наоѓа во Министерството за труд и социјална политика, Секторот за еднакви можности е еден од најзаслужните за унапредување на родовата еднаквост во државата како  и за координација на активностите на останатите  министерства и едниците на локална самоуправа во однос на спроведување на родово буџетски иницијативи.  Досега имаме пилотирано родово одговорно буџетирање во 13 ресорни министерства и 3 државни агенции со континуирано стручно менторство обезбедено од UN Women “ истакна Тренчевска во своето обраќање.

Во своето обраќање Амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин ја истакна родовата еднаквост како човеково право.

„ Наша одговорност е секогаш да се потсетуваме дека родовата еднаквост е човеково право. Овозможувањето на средина за учество на сите жени и мажи, девојчиња и момчиња, не е привилегија која што треба да биде уживана, туку е основно човеково право, кон коешто сите треба да дадеме придонес и да го поддржиме. На овој начин можеме да стимулираме напредок во нашите земји, позитивни промени во општеството и во животот на луѓето. Родовата еднаквост е исто така прашање на демократија, прашање на правда и прашање на економско зајакнување“ рече Амбасадорката на Шведска.

Заменик Амбасадорот на Швајцарија пак се осврна на креирањето на политики и посочи дека Швајцарија останува партнер во поддршката за креирањето на родово одговорни политики. Во неговото излагање рече дека силно верувам дека ова е паметен и вистински пристап за постигнување подобри социо-економски резултати во општеството како целина.

Раководителка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија Весна Ивановиќ Кастаред во своето обраќање пак истакна дека само преку длабински промени може да има поголем и побрз напредок.

„Остварувањето на глобалните цели е можно само со земање предвид на потребите и на жените и на мажите и само со темелно справување со причините кои ја создаваат нееднаквоста во нашите општества. Ако сите  чинители кои се дел од процесот на планирање и усвојување политики започнат по автоматизам да размислуваат за родовата компонента, тоа ќе се рефлектира и пошироко во општеството, односно во колективната свест. А само со такви, длабински промени може да очекуваме помалку дискриминација и насилство, и поголем и побрз напредок“ рече Раководителката.

Регионалната конференција ќе се одржува два дена. На неа ќе се обратат релевантни чинители од регионот кои како приоритет ја земаат родовата еднаквост во нивната работа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • (РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ