• Latest

Тренчевска се надева дека ќе биде постигнат договор со СОНК, најави нова средба со родителите на деца со попреченост 

April 4, 2022
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска се надева дека ќе биде постигнат договор со СОНК, најави нова средба со родителите на деца со попреченост 

April 4, 2022 14:02
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се надева дека до 11 април за кога е закажан штрајк на вработените во училиштата и градинките ќе има договор помеѓу Владата и СОНК со цел згрижувањето на децата да може да се одвива непречено. Но, вели, и доколу не биде постигнат договор и вработените штрајкуваат, директорите на градинките мора да најдат начин да ги згрижат децата кои ќе дојдат, пренесува МИА.

-Се надевам дека ќе има договор до 11 април, меѓутоа и согласно Законот за детска заштита градинките мора да ги згрижат дечињата кои што се дојдени овде. Општината е должна, директорите на детска градинка треба да се обратат до општините, сите оние кои што ќе штрајкуваат да бидат заменети со кадар така што градинката мора да работи. Легитимно право е да се штрајкува, меѓутоа и по закон и по Устав е дечињата да бидат згрижени, изјави министерката во одговор на новинарско прашање по отворањето на детска библиотека во ЈОУДГ Буба Мара – објект Пчелка 1.    

Директорката на оваа градинка во Општина Аеродром, Елена Устамитова истакна дека дијалогот за ова прашање се уште трае и оти чекаат од СОНК известување за евентуалното одржување на штрајкот.

– Дијалогот се уште трае. Додека ние немаме официјално од СОНК информации дека штрајкот почнува, се надевам дека, затоа што за добро за сите нас, и за децата и за нас како вработени, е преку дијалог да се реши тоа. Ќе се организира секако, но процесот на згрижување на деца нема да застане. Ќе се организираме затоа што целиот персонал нема да штрајкува и ќе ги искористиме сите ресурси тој воспитно образовен дел да не застане, истакна таа.  

За денеска е најавена нова рунда разговори на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) со Владата.

Од СОНК најавуваат дека ако не биде постигнат договор штрајкот најавен за 11 април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања.

Членството од регионите на Синдикатот се изјасни за генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања. СОНК бара усогласување на платите во образованието со минималната плата, која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

СОНК бара корекции на платите и за вработените во градинките, како и усогласување со минималната плата во високото образование и за вработените во ученичките и студентските домови.

 Министерката за труд  најави дека ќе има нова средба со Здруженијата на родители на деца со попреченост и притоа истакна оти има можност одредени нивни барања да бидат прифатени. 

-Работиме, дијалогот со продолжува. Да, најавен е протест на 5 април пред Влада, ќе се сретнам повторно со претставниците на овие здруженија се со цел да им излеземе во пресрет. Има можност одредени  нивни барања да бидат прифатени и реализирани во периодот што доаѓа од страна на Министерството за труд и социјална политика, како во делот на правата така и во делот на услугите – зголемување на посебниот додаток на децата со попреченост, ослободување од партиципација и над 26-годишна возраст… Имаат и други барања коишто се дел  во ресорот здравство, дел се во МТСП, меѓутоа, најголем дел се реални и прифатливи за Министерството за труд и социјална политика, изјави Тренчевска во одговор на новинарско прашање.

Таа вели дека со социјалната реформа во 2019 година се воспоставени нови права и социјални услуги за лица со попреченост, а и одредени права за родителите што имаат деца со попреченост.

Тренчевска потсети дека минатата недела имала неколку состаноци со здруженијата на родители на деца со попреченост  и оти и тогаш разговарале што може Владата и МТСП во наредниот период да направи за да им ги подобри условите и на децата со попреченост, меѓутоа генерално и на сите лица со попреченост, како и  на родителите кои што имаат деца со попреченост. 

Вложувањето во правилниот раст и развој во децата е влог во нашата иднина, вложување во зајакнување на капацитетите на децата, зајакнување на вештините, поттикнување на нивната љубопитност и желба за знаење од најрана возраст всушност претставува директен придонес кон успешноста на децата во нивниот натамошен живот, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по отворањето на детска библиотека во ЈОУДГ Буба Мара – објект Пчелка 1.    

Таа додаде дека се радува што ова детско литературно катче или библиотека во овој објект не е само изолиран случај, туку дека во сите објекти на „Буба Мара“ ќе бидат воспоставени такви катчиња.

-Тоа значи дека од најрана возраст децата кои се опфатени во предучилишното образование во оваа јавна установа за претшколско образование ќе можат да се сретнат со сликовници, со книги, да го збогатуваат својот фонд на зборови и со тоа да вложуваме во нивниот раст и развој. Дополнително радува иницијативата и на родителите да донираат сликовници и книги што значи и тие се вклучуваат во идејата на директорката и стручниот тим во градинката за да инвестираме во детскиот развој, истакна министерката.   

Таа ја искористи можноста да упати апел и поттик и останатите градинки во државата да ја следат оваа иницијатива и да воспоставуваат такви библиотеки или детски катчиња каде што децата ќе можат од најрана возраст да се сретнат со книги, со сликовници, да читаат бајки, приказни и да се дружат со книгите.  

–Читањето во предучилишната возраст е особено значајно затоа што преку читање книги, приказни и бајки децата влегуваат во светот на имагинацијата, го збогатуваат својот фонд на зборови и се стекнуваат со нови поими и изрази…, истакна мнистерката за труд и социјална политика.  

Тренчевска најави дека Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи и натаму да вложува во реконструкција на постојните и изградба на нови градинки, со цел да се зголеми опфатот на деца во претшколски установи.

Отворањето на библиотеката е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на литература за деца „Спознај го светот преку книгата“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ