• Latest

Тренчевска: Се залагаме и социјалната компонента да се одвива непречено за секое дете

January 23, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Се залагаме и социјалната компонента да се одвива непречено за секое дете

January 23, 2023 13:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов и директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска го отворија инклузивното игралиште во клон 3 од јавната детска установа „Детска радост“ во Струмица.

-Како Министерство се залагаме секое дете да добива соодветна грижа и услови за соодветен раст и развој, затоа се градат се повеќе градинки, се зголемуваат капацитетите со цел секое дете да има можност да биде дел од предучилишното воспитание и образование, рече министерката во своето излагање.

Таа посочи дека особено е запазена социјалната компонента во градинките и можноста на секое дете да биде вклучено во детската игра.

-Ме радува тоа што со овозможувањето на вакви игралишта придонесуваме кон тоа раскажувањето на децата за нивните денови во градинката да не бидат проследени со негативни чувства на неприфаќање, туку среќни детски спомени, истакна Тренчевска.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов ја истакна одличната соработка меѓу Општината и Министерството за труд и социјална политика, посебно со изградбата и пуштањето во употреба на новата детска градинка „Виножито“.

-Покрај добрата соработка и ангажманот на Министерството за труд и социјална политика и на Светска банка и ние како Општина имавме обврски од кои само за инфраструктурата околу градинката вложивме 20 милиони денари од изворниот буџет. Сакам да ги запознаам граѓаните дека во соработка со Бирото за рамномерен регионален развој имаме добиено проект за пробивање на нова сервисна улица која не само што е важна за новата градинка, туку и за граѓаните кои живеат во населбата Касарна, рече Костадинов.

При посетата на градинката од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат беа доделени играчки за градинката.

Инаку, со поддршка на Кинеската амбасада вакви инклузивни игралишта се изградени и во Крушево и Кривогаштани.

Фото: архива

Tags: градинкиКостадин КостадиновТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ