• Latest

Tренчевска- Шаља Плавјанска: Ефикасен систем за сузбивање на насилството врз жените и семејното насилство и унапредување на човековите права

January 27, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Tренчевска- Шаља Плавјанска: Ефикасен систем за сузбивање на насилството врз жените и семејното насилство и унапредување на човековите права

January 27, 2022 19:33
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија Афродита Шаља – Плавјанска и нејзиниот тим.

На работниот состанок, како што соопшти ресорното министерство, се разговараше за досегашната соработка на УНФПА и Министерството за труд и социјална политика, идните планови и активности, како на централно ниво, така и на ниво на работни групи. Од страна на министерката Тренчевска беше потенцирано  дека политиките на новата Влада се во насока на унапредување на родовата еднаквост, сузбивање на родовите стереотипи и градење култура на ненасилство и недискриминација.

-Владата продолжува посветено да работи на исполнување на човековите права особено на ранливите категории, на зголемување на пристапот до квалитетни услуги, политики кои значат поголема грижа и можности за младите во нашата земја.  Градиме силно и обединето, кохезивно општество кое ги почитува достоинството и човековите права и овозможува еднакви можности и на мажите и на жените во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив политички, економски, демографски, социјален развој и напредок на земјата, рече Тренчевска.

На средбата акцентот беше ставен на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, меѓуинституционалната соработка, соработката со граѓанскиот сектор, како и поддршката од агенциите на Обединетите нации во земјава. Беше потенцирана важноста од спроведувањето на општествени кампањи преку кои ќе се јакне јавната свест за препознавање на насилството во дел од средините каде владеат традиционалните стереотипи, семејната традиција како воспоставена пракса на однесување и на нерамномерна распределба на моќта во семејството кое треба се преточи во координирана активност и тимска работа.

Шефицата на УНФПА Шаља-Плавјанска потенцираше дека реализацијата на проектите од петгодишната програма за Северна Македонија ќе продолжи, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани, а особено ранливите категории.

Двете соговорнички изразија подготвеност за продолжување на досегашната соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНФПА, во областа на родово базираното насилство и генерално заштита и унапредување на човековите права.

– Согласно Законот  за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство Владата формираше Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, кое е надлежно и за политиките од областа на родово-базирано насилството врз жените и семејното насилство, се вели во соопштението од МТСП. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ