• Latest

Тренчевска: Со навремено изрекување на мерки ќе го превенираме фемицидот како најтежок акт на насилство врз жените

September 12, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тренчевска: Со навремено изрекување на мерки ќе го превенираме фемицидот како најтежок акт на насилство врз жените

September 12, 2023 11:33
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата „Фемицид во Северна Македонија и Западниот Балкан – Меѓународни стандарди и практика на судовите – презентација на извештаи“. На конференцијата поздравно се обратија и Билјана Брејтвејт, програмската директорка за Западен Балкан, AIRE центар, Викторија Аврамовска – Мадиќ, заменик министерката за правда на Северна Македонија, Наташа Габер-Дамјановска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, Ендрју Бранд, Раководителот на програмите во Британската Амбасада во Северна Македонија.

Тренчевска своето обраќање го започна истакнувајќи го деценискиот предизвик – семејното насилство. Министерката ги посочи нејзините заложби и заложбите на претставниците на институциите и граѓанскиот сектор во борбата со родово базираното насилство. Таа истакна дека и покрај гласното говорење, постојаната едукација, покрај променетиот институционален пристап, унапредување на законската рамка, законската обврска за должно внимание со кое треба да се пристапува кон секој случај, спроведување на голем број на кампањи за подигање на свеста сепак насилството врз жените и понатаму е присутно.

„Факт е дека мојата должност како министерка е креирање на политики. Политики кои се засновани на  истражувања и на директни контакти со оние на кои таа политика им е наменета. Оттука заедно со моите колеги и колешки од министерството се трудиме да сме во директна комуникација со жените, зошто нивните приказни, специфични потреби и предизвици се оној темел врз кој сакаме да го креираме и да го прилагодуваме системот за превенција и заштита од насилство врз жените“ рече Тренчевска.

Таа потсети и на кампањата „Гласна и храбра“ која беше спроведена во март од страна на Министерството за труд и социјална политика. Министерката сподели дел од приказните кои биле споделени за време на кампањата.

„На тој караван слушнавме за присилно затварање дома и за оневозможување една жена да заработува, слушнавме за жени сезонски работнички кои по напорен ден им се одземени парите со закани од страна на сопругот алкохоличар, слушнавме за акутно насилство на кое сведоци се децата и за гладни непроспиени ноќи и изнемоштени раце кои не можат да се грижат за семејството“ изјави Тренчевска.

Министерката истакна дека причината за непријавување на насилството е  стравот на жртвите, но и недовербата во институциите, случаеви кои според неа се сведува на фемицид или убиство на жените.

„Во 2019та година од вкупно 5 убиства при семејно насилство 3 случаеви се фемициди, во 2020 година од 4 убиства при семејно насилство 3 се фемициди во 2021 година од 5 убиства при семејно насилство 3 се фемициди. Во 2022 година за жал бројката се зголемува и од вкупно 7 убиства при семејно насилство 6 се фемициди. И оваа година во само првиот квартал сме се соочиле со 3 фемициди, додека од неодамна имаше уште 2 случаеви“ рече Тренчевска.

Таа повика на поголема меѓусекторска соработка и навремено изрекување на мерките по пријавено насилство како од страна на центрите за социјална работа така и од страна на судовите истакнувајќи дека тоа е единствениот начин да се намали или превенира фемицидот како најтежок вид на насилство врз жените.

Tags: Јованка ТренчевскамеркиФемицид
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ