• Latest
Синдикалците одржаа јавна седница пред Собрание за зголемување на минималната плата на 500 евра / фото: скриншот од видеото на МИА

Трендафилов: Не сме тука да ја рушиме Владата, туку да ги зголемиме платите

April 2, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трендафилов: Не сме тука да ја рушиме Владата, туку да ги зголемиме платите

Првиот синдикалец упати предлог до премиерот Христијан Мицкоски заедно да земаат минимална плата од 500 евра, а да се зголемат останатите плати за 100 евра. Доколку не се зголеми минималната плата, раководството на ССМ најавува генерален штрајк, а доколку не се зголемат платите на работниците, најавуваат протест. 

April 2, 2025 14:28
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Синдикалците одржаа јавна седница пред Собрание за зголемување на минималната плата на 500 евра / фото: скриншот од видеото на МИА

Синдикалците одржаа јавна седница пред Собрание за зголемување на минималната плата на 500 евра / фото: скриншот од видеото на МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата. Од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите.

– Денеска сме тука да ви упатиме последна порака – не може да се одлучува за нас, без нас. ССМ пред две години организираше генерален штрајк во цеиот јавен сектор. На чекор сме до генерален штрајк во целата држава. Денеска бараме од вас да бидете луѓе онака како што сме ве избрале. Да не се однесувате кон работникот, како кон луѓе од трета категорија и да бидете на ниво на задачата. Денеска сме тука пред Владата како најголем работодавач да побараме да се почитуваат колективните договори и да се зголемат платите во јавниот сектор, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Упати предлог до премиерот Христијан Мицкоски заедно да земаат минимална плата од 500 евра, а да се зголемат останатите плати за 100 евра.

Доколку не се зголеми минималната плата, раководството на ССМ најавува генерален штрајк, а доколку не се зголемат платите на работниците, најавуваат протест.

– Не сме тука да ја рушиме Владата, туку да ги зголемиме платите, рече Трендафилов.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски истакна дека за првпат е донесена одлука за зголемување на минималната плата без консултација на синдикатот.

– Првата Влада која смислено ја одзема репрезентативноста на ССМ само за да нема Економско-социјален совет. Прва Влада во историјата на Македонија која реши 129 илјади вработени во јавниот сектор кои зависат од минимална плата да ги остави да ги изедат газдите од приватниот сектор. Со 1.890 денари во управа и правосудство 58 отсто моментално се под просек. Не се плашиме, ниту ќе се плашиме. Ве чекаме да не викнете, ако не, сами ќе си дојдеме, рече Деаноски пред Владата.

Претходно, раководството на ССМ пред Собранието побара од пратениците да изгласаат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра, а во спротивно да ги намалат нивните плати на ниво од минимална плата.

Членовите на највисоките тела на ССМ упатија и порака до работодавачите барајќи од нив да ги зголемат платите на работниците за да не бидат виновни за иселувањето на работничката сила.

– И ненормалното стана нормално во оваа држава. Ако секоја година се иселуваат 10.000 млади работници, сакаме да им кажеме на работодавачите дека повеќе нема да работиме за мизерни плати, порача претседателот на Синдикатот на СИЕР, Игор Герасов.

Според Владата, висината на минималната плата е легитимна и утврдена согласно критериумите во Законот за минимална плата. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека одлуката за зголемување на минималната плата од 1.800 денари е донесена согласно законот.

Фото: Принтскрин МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ