• Latest

Три дена на жалост во Гостивар, комеморација за загинатите

February 14, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Три дена на жалост во Гостивар, комеморација за загинатите

February 14, 2019 20:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со едноминутно молчење, започна комеморативната седница на Општина Гостивар, каде што, освен домаќинот Арбен Таравари, учествуваше и премиерот Зоран Заев, а се појави и Ѓорѓи Иванов. Советот прогласи три дена на жалост, 14, 15 и 16 февруари. Во неговиот говор, градоначалникот Таравари рече дека ова се тешки денови за целиот град и целата земја и дека поголема болка од последната не видел во својата професионална кариера како лекар. 

“Како лекар по професија, во мојата работа сум видел многу болка, но ништо не може да се спореди со оваа трагедија која е седната со скрстени нозе во нашиот град! Никој не знае кои биле нивните последни мисли, никој од нив не знаел дека ќе го загуби животот во еден ден како вчерашниот кога се враќаа дома. Болката им останува на оние кои преживеаја, болката останува наша! Многу е тешко да ја контролираме нашата болка, особено мајките, децата, татковците, сестрите, браќата, оние кои се директно погодени од несреќата!” – рече Таравари пред присутните.

Премиерот Заев кажа дека болката е заедничка со семејствата на настраданите и вети помош за нив и во иднина. „Нема да бидете сами“ – рече тој, додавајќи дека ќе се ангажира и за откривање и на причините што донесоа до оваа трагедија.

„Драги пријатели и сограѓани, човекот, додека има луѓе околу себе, не е сосема сам. И дојдов да ви кажам, дека загубата е ненадоместлива, но не сте сами и нема да ве оставиме сами. Духовно сме со вас. А ќе бидеме со вас и во иднина. Преземаме обврска да помогнеме на семејствата со возможното и за тоа лично ќе се заложам. Исто така, како Влада и како надлежни органи, ве уверувам дека ќе сториме сѐ да ги расветлиме причините за трагичната несреќа“ – изјави премиерот Заев.

Ѓорѓи Иванов изјави дека загубата е тешка, но уште потешко е ако вакви настани ни се повторуваат. Ова, според него, треба да биде поука да бидеме секој пат внимателни. „Нека биде поука да бидеме сплотени, да се почитуваме, и секој пат да си укажуваме поддршка во вакви моменти, затоа што животот е краток, многу брзо проаѓа. Нека биде животот исполнет со моменти на среќа и на радост, а не со тага“ – изјави Иванов.

Денеска, во новите гробишта во Гостивар беше погребан и бруцошот од медицински факултет, Онур Садики, кој вчера го загуби животот заедно со неговите 14 сограѓани, во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Тетово.

Арбен Зеќири

Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ