„Малата војна“ во Диво Насеље на 9 мај 2015 година, Денот на Европа и победата над фашизмот, резултираше со осум загинати припадници на полицијата. И тогаш, како и сега останаа отворени прашањата што навистина се случи, кои се мотивите, како одговорија граѓанките и граѓаните на Куманово…
ЦИВИЛ преку панел -дискусијата „Диво Насеље, три години потоа… “ што ќе се одржи, утре, 9 мај, во Салата за конференции во Комитетот, Куманово, со почеток во 13 часот, ќе даде одговор на овие и на многу други прашања поврзани со настаните и судските процеси за Диво Насеље.
Панел дискусијата е дел од проектот на ЦИВИЛ – „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.