• Latest

Триесет илјади ученици од социјално загрозени семејства ќе добијат интернет за да учат

April 7, 2020
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Триесет илјади ученици од социјално загрозени семејства ќе добијат интернет за да учат

April 7, 2020 17:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Триесет илјади ученици во основно и средно образование од 18 400 социјално загрозени семејства во земјава ќе добијат картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно од „Македонски телеком“ за да пристапат на интернет само за  платформите за далечинско учење одредени од Министерството за образование и наука.

Договорот денеска во Владата го потпишаа министерот за информатчко општество и администарција Дамјан Манчевски и директорот на „Македонски телеком“ Никола Љушев, во присуство на министерот за образивание и наука Арбер Адеми.

Картичките за бесплатен интернет учениците од семејствата кои примаат социјална помош ќе ги ги добиваат месечно до крајот на учебната година, а дистрибуцијата ќе ја спроведува Министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа.

Министрите се заблагодарија за донацијата од „Македонски телеком“, нагласувајќи дека во овие околности е важна солидарноста и општествената одговорност на компаниите кои може да се вклучат во помагање на ранливите категории.

– Со овој договор се овозможува наставата во основните и средните училишта која се организира со учење од дома  да е достапна за сите. Имајќи предвид дека имаме деца кои немаат интернет-пристап за е-настава, се наметна потребата да им помогнеме и за децата од социјално загрозените семејства „Македонски телеком“ донира 18.400 картички за мобилен интернет  со капацитет од 10 гигабајти месечно. Интернетот ќе биде наменет за  овозможување пристап само до платформите за учење согласно насоките и мерките од Министерството за образование и наука  На овој начин, не оставаме ни едно дете, на сите им обезбедуваме интернет за да може да ја следат наставата. Ова се вонредни времиња и потребна е и вонредна помош, рече Манчевски.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми потсети дека учењето од дома веќе се смета за формална настава и значи дека учебната година не е прекината и ќе продолжи до предвидениот рок кога треба да заврши.

Тој му се забагодари на „Македонски телеком“ за општествената одговорност, како и на ангажманот на миниистерот Манчевски кој, како што рече, од првиот ден се заложил ова да се реализира. Адеми очекува дека со оваа донација е надминат уште еден предизвик и дека наставата ќе продолжи да се организира без сериозни проблеми.

Директорот на „Македонски телеком“ Никола Љушев рече дека непречено образование на децата во овие услови е најважен приоритет, особено за децата што немаат можност за учење од далечина како придобивка од интернетот.

– Иако сме земја со фиксен интернет-пристап од околу 80 проценти на тероторијата, околу 30 илјади деца од социјален ризик или 18.400 домаќинсва не се во можност да ја следат наставата. Во овие услови должни сме да ги следиме мерките, но и да дадеме решенија на предизвиците. Соработката на надлежните институции со бизнис-секторот сега е клучна. Имаме одговорност да обезбедиме силна и стабилна интернет-врска, но и морална обврска ,да придонесеме за вклучување на сите деца во образовниот процес во услови на вонредна состојба, рече Љушев, додавајќи дека за нив вакви донации не се новина, а овојпат во соработка со МОН и МИОА одлучиле да најдат решение за еднакви услови за дигитална настава за сите деца.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ