ЕPA – ЛГБТИ Асоцијацијата за еднакви права за Западен Балкан и Турција во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Коалиција Маргини, а со поддршка на Советот на Европа денеска организираат тркалезна маса на тема „Пристап до правда за ЛГБТИК+ луѓето во Северна Македонија“ во Europe House во Скопје, пренесува МИА.
– Тркалезната маса има за цел да придонесе за поголемо пријавување на делата од омраза и зголемување на довербата во системот, исто така, и промовирање на платформата You Are Heard. You are Heard е место каде што ЛГБТИК+ луѓето и партнерските организации можат безбедно да пријават дела и други инциденти од омраза и да добијат поддршка, велат организаторите на настанот.
Преку прибирање на податоците, од таму додаваат дека ќе се подобри отчетноста на актерите од целиот регион во спроведувањето на правдата, како и да развијат модели на поддршка за ЛГБТИК+ заедницата за справување со злосторствата/говорот од омраза, како што се психосоцијална поддршка, врсничко советување, групи за поддршка, едукативни работилници.