Утрото на 20 јули 2022 година, руските трупи отворија оган врз округот Салтивски во Харков. Загинаа тројца цивили, меѓу кои и едно 13-годишно дете, а еден е повреден, изјави началникот на регионалната воена управа на Харков, Олех Синиехубов на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.
„За жал, тројца цивили се убиени во руското гранатирање на округот Салтивски во Харков утринава, имено 13-годишно момче, маж и жена. Повредена е 72-годишна жена“, напиша Синиехубов.
Според неговите зборови, овие податоци добиени од Центарот за итна медицинска помош не се конечни. Наводно, сите убиени биле на улица.
Во моментов на социјалните мрежи жителите на Харков повторно известуваат за експлозии кои се слушнале во градот.
Еден цивил загина, а 14 се повредени во руското гранатирање на регионот Харков во изминатиот ден.
Подготви: Д.Мишев