• Latest

Царовска: Квалитетно образование значи силна држава

April 15, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Квалитетно образование значи силна држава

April 15, 2021 12:03
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за управување со промени (ЦУП) денеска на онлајн-конференција ги презентираше електронските услуги изработени во соработка со министерствата за образование и наука и за информатичко општество и администрација, во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство и поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Целта на конференцијата е да се презентираат изработените електронски услуги на Министерството за образование и наука и да се отвори дискусија за придобивките од дигиталната трансформација во јавниот сектор.

Конференција се реализира во рамките на проектот кој имал за цел а ги поддржи институциите во дигитализација на образованието. Целта на проектот е да се презентираат услугите во дигитализацијата.

„За нас како министерство дигитализацијата е приоритет. Квалитетно образование значи силна држава. Сметам дека сите земји кои не се дигитализираат, заостануваат. И образовниот процес може многу брзо да се дигитализира. Дигитализацијата и воспоставувањето на канал помеѓу наставник и ученик за нас претставуваше отскочна даска во дигитализацијата на образованието со помошта на ФИНКИ,  кои навистина брзо и ефикасно го воспоставија каналот на комуникација“ рече министерката Царовска.

Најновата алатка е дигиталниот упис во основно образование, која ќе го одбележи мојот мандат, со цел да се избегнат гужвите во училиштата, а потоа, тоа ќе се воспостави и за средните училишта. Следна цел ни е, оние извештаи кои родителите можат да ги добијат преку логирање на Е-дневник, да стигнуваат како сумирани извештаи на нивните телефони еднаш неделно, како тие би биле по достапни за родителите и поедноставни.

Во однос на дигиталните вештини, Малеска објасни дека нивото на дигиталните вештини кај младите на возраст 16-19 години е на загрижувачко ниво во споредба со Европа, како и дигиталните вештини од сите возрасти. Овие проценти кои се многу ниски, се земени од анализи направени од Еуростат.

Во врска со дигиталните вештини на сите возрасти на граѓани, и тука не зборувам за 50+ туку има и луѓе кои во своите 40ти години изгубиле чекор со дигиталниот свет, државата преку новиот закон, мора да ги подбутне и да им помогне да се вратат на вистинскиот пат, како тие полесно би можеле да се вклопат и да бидат во чекор со предизвиците кои одредени ситуации ни налагаат, изјави Царовска.

Министерот за информатичко општество и администрација истакна дека дигитализацијата на сите услуги веќе е обврска. „Ние сме во постојана комуникација со МВР за тоа да се дигитализираат одредени услуги како што се вадење пасоши, лични карти и возачки дозволи. Исто така, во комуникација сме со МНР за воспоставување на е-конзулат. Процесот на дигитализација произведе сите институции да станат едно. Процесот на дигитализација е потребен за сите“.

На конференцијата, како претставник на студентите се вклучи студентката од Економскиот Факултет Дена Сачмароска, која ги објасни предизвиците и потешкотиите кои студентите години наназад се соочуваат.

Таа посочи на неколку проблеми кои мораат, според студентите, веднаш да се решат, како што се електронското пријавување на семестри, испити и колоквиуми без тоа повторно да мора да биде донесено во хартиена форма на самите факултети. Потоа, да се зголеми работното време на Студентските прашања, да се направи подобра организација на самата администрација, да се воведат ПОС терминали како би се скратила постапката на студентите при уплата на некоја услуга, без да треба да одат во банка и да носат уплатници на шалтер, да се намалат давачките кои студентите ги имаат кон факултетот, особено во време на пандемија кога целото учење се одвива на далечина, како и да се направи напор од страна на професорите по соодветно и организирано да ги водат предавањата, особено за предмети во кои мораат да се решаваат математички задачи.

Сачмароска потсети дека i-know системот мора да се доработи како студентите би имале целосен увид на оценките и испитите, потврдите за редовни студенти да се издаваат преку оваа апликација и ред други активности кои можат да се направат онлајн без да се ризикува здравјето на студентите и вработените на факултетот, како и намалување на трошењето на хартијата и грижа за животната средина.

И.К.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ