• Latest

Царовска: МОН работи на воведување медиумска писменост во наставните содржини

October 28, 2020

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: МОН работи на воведување медиумска писменост во наставните содржини

October 28, 2020 14:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука посветено работи во наставните содржини да воведе медиумска писменост. Бирото за развој на образование во изминатиот период работеше на воведување или изработка на курикулуми кои понатаму би се вклучиле во постојните предмети, пренесува МИА.

Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн тркалезната маса на тема „Потребата и можностите за вклучување на медиумската писменост во формалното образование во Реупублика Северна Македонија“ во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Во моментов работиме и на нов концепт за осовно образование и ве уверувам дека медиумската писменост ќе биде дел од овој концепт за да може во истите предмети да се воведе медиумската писменост како основа за препознавање на тоа што се точни информации, кои се лажни вести, затоа што е значајно нашите најмлади, посебно во време на Ковид каде се изложени постојано на информации кои ги имаат и по социјалните мрежи и по порталите и на телевизиите, да знаат да оценат што е тоа што е вистина, што е тоа што треба да се препровери, посочи Царовска.

Медиумската писменост, како што рече, е само парче од новата концепција за основно образование. Таа, како што соопшти, треба да почне да се имплементира 2021/2022 учебна година и ќе биде јавно објавена за дебата пред да се донесе наставниот план, содржина и програма.

– Нема да се оди сукцесивно во основно, туку ќе се оди промена на наставна програма, план и материјали од прво до деветто одделение и сите ќе треба да се реорганизираат како училишта. Амбициозна е агендава, мислам дека тоа може да се постигне. Тука ќе бидат воведени сите нови елементи, не мислам дека треба да биде посебен предмет. Главно ќе бидат организирани околу пет поглавја, другите ќе бидат изборни, дополнителни теми кои ќе бидат директно врзувани со подрачјата кои ги учат од прво до деветто и тука ќе воведеме обуки кои ќе бидат задолжителни за примена на новата наставна содржина и тука медиумската писменост, како и другите работи кои ги воведуваме, како сексуално образование, животна средина, ќе треба да влезат во тие стандардни обуки со почеток во 2021/2022 година, појасни министерката.

Додаде дека за предучилишното образование, односно градинките треба да се дискутира во програмите да се воведе во најрана возраст елемент на медиумска писменост.

– Јас сум сигурна дека ако успееме да ја воведеме во основното образование и да го обучиме наставниот кадар, брзо ќе го спуштиме во предучилишното образование. Што порано ги соочиме децата со потребата од препознавање и медиумска писменост, толку подобро ќе биде за понатаму да се гради целиот тој систем. За учениците со попреченост, образованието треба да биде инклузивно, и ние се стремиме да постигнеме инклузивност на сите нивоа во образование, но медиумската писменост за учениците со попреченост е исто така значајна, и затоа треба да имаме што повеќе адаптирани материјали и начин на презентирање на медиумската писменост и за овие ученици со интелектуална попреченост, рече Царовска.

Директорката на МИМ Билјана Петковска се осврна на перспективите на досегашната работа и искуството во оваа област, и зошто сметаат дека е важно медиумската писменост да се вклучи во формалното образование.

– Задоволство ми е што потребата за вклучување на медиумската писменост во формалното образование е препознаена и потврдена од клучните државни институции, особено од Владата, од МОН, вклучително и Бирото за развој на образованието. Конечно минатата година со Владата и со коалицијата формирана од група граѓански организации, со факултетите за новинарство, МРТ и со поддршка од ЕУ сите заеднички успеавме да го придвижиме овој процес, посочи Петковска.

Нивната континуирана работа во оваа област, смета таа, потврдува дека постои голема потреба од интервенции и активности кои ќе бидат насочени во сферата на формалното, но и на неформалното образование.

– Медиумската писменост се смета за функционална писменост на 21 век и би рекла дека тоа е една клучна животна вештина без која многу тешко да се опстои, да се функционира и да се напредува во ова сеприсутно дигитално опкружување. Преку нашите активности увидуваме дека јавноста, особено учениците и студентите, но и повозрасните сметаат дека знаењето и вештините за медиумска писменост стануваат неопходни за справување со напливот на огромен број информации на дневно ниво, вели Петковска.

Според неа, неопходна е широка општествена акција, координација и соработка меѓу релевантните чинители. Тоа, како што вели, вклучува соработка меѓу државните институции, граѓанските организации и училиштата во високо образовните институции и предучилишните установи, кај медиумите и аудиовизуелната индустрија. За постигнување видливи резултати, додава, неопходно е вклучување и од страна на државата, но и од приватниот сектор.

– Се надевам и верувам дека во наредниот период конечно ќе успеме да почнеме да преку обука на наставниците, создавање наставни материјали, промени во наставната програма во образовните политики на државата со цел интеграција на медиумската писменост во основното и средното образование, но и во градинките и високообразовните институции, притоа водејќи се од начелото дека воведувањето медиумска писменост не значи воведување нов предмет во наставните програми, туку пристап, начин на учење на сите предмети, заклучи Петковска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ