• Latest

Царовска на средба со претседателот на турското Собрание: Северна Македонија и Турција имаат одлична соработка во областа на образованието

May 19, 2021

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска на средба со претседателот на турското Собрание: Северна Македонија и Турција имаат одлична соработка во областа на образованието

May 19, 2021 10:18
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Соработката што се гради врз основа на образование продуцира долготрајно пријателство, заедничко разбирање и солидарност. Двете пријателски земји, Република Северна Македонија и Република Турција, во континуитет ги унапредуваат билатералните односи и меѓусебно се поддржуваат, а токму во сферата на образованието бележат одлична соработка, беше констатирано на денешната средба во Анкара меѓу министерката за образование и наука Мила Царовска и претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, министерката Царовска истакна дека приоритет на нашата земја е образование за секое дете и дека МОН создава услови за негување на интересите, потребите и културните особености на сите етнички заедници кои живеат во државата.

-Посебно сме горди на интегрираноста на турската заедница во образованието. Настава на турски јазик се реализира во повеќе основни и средни училишта, а турскиот јазик се изучува и во високото образование. Мултиетничката и мултилингвална средина придонесува учениците да се изградат во граѓани кои ќе живеат едни со други, а не едни покрај други. Интеркултурноста е и еден од клучните принципи на образовната реформа што се спроведува во Северна Македонија, а внесувањето содржини кои ги промовираат културните карактеристики на различните етнички и религиски заедници кои живеат во нашата земја овозможуваат продуктивен соживот, посочи министерката Царовска, заблагодарувајќи се на несебичната поддршка на пријателскиот турски народ во досегашниот период, информира МОН.

Претседателот на турското Собрание, Мустафа Шентоп, како што се наведува во соопштението, истакна дека Република Турција продолжува да биде меѓународен партнер кој го поддржува напредокот на државата во сите сфери.

– Северна Македонија и Турција имаат формализирано и ратификувано неколку протоколи за соработка во областа на образованието и за научно-техничка соработка. Шентоп се осврна на турскиот придонес во работата на образовните институции од сите нивоа во нашата земја, како и на поддршката за македонски студенти на универзитетите во Турција, нагласувајќи ја важноста на образовните политики во продуцирањето кадар оспособен за решавање проблеми со кои ќе се соочуваат во иднина, наведува Министерството за образование и наука.

Во македонската делегација која е во работна посета на Турција се и заменик-министерот Арафат Шабани и државниот советник за образовни политики Ѓонул Бајрактар.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ