• Latest
извор МИА

Царовска: Наскоро ќе бидат објавени повици за подготовка на програмите за прво и четврто одделение

February 24, 2021
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Наскоро ќе бидат објавени повици за подготовка на програмите за прво и четврто одделение

February 24, 2021 12:30
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
извор МИА

извор МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Наскоро ќе бидат објавени повици за подготовка на наставните програми за прво и четврто одделение согласно со Концепцијата за основно образование, соопшти министерката Мила Царовска и ги повика експертите да аплицираат на огласите кои ќе бидат објавени и да се вклучат во, како што рече, новото, современо македонско основно образование.

– Среќна сум што добивме конструктивни коментари на јавните расправи во изминатите два месеца, во Собранието беше презентирана и ревидирана верзијата, согласно гласот на различни експерти, граѓански организации, професори итн. Сметам дека сега имаме добро решение за концепцијата и многу скоро ќе се објават и повици за подготовка на програмите за прво и четврто одделение кои понатаму треба да влезат во имплементација, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ во Скопје.

Наставата во училиштата ќе продолжи да се одвива според хибридниот модел избран на почетокот на учебната година – онлајн-настава за сите освен за учениците до трето одделение и за ученици во погорни одделенија во помали училишта, главно подрачни и во рурални средини.

– Хибридниот модел е стабилен и до денес нема никакви поместувања во континуитетот на одржување на образовниот процес, но и во заштитата на здравјето и на учениците и на наставниците, а со тоа и на јавното здравје. Тоа укажува дека изборот  што нашата држава го направи за овој хибриден модел на настава покажа успех, и за регионот, а можам да кажам и во светот. Затоа ние – Комисијата за заразни болести и министерствата за образование и за здравство, одлучивме и второто полугодие да го почнеме на ист начин како што го завршивме првото. Се додека нема друга промена на ситуацијата, остануваме на истиот модел, рече Царовска.

Во однос на иницијативата да се повлече учебникот Географија за гимназиско образование за втора година, министерката одговори дека тоа не е единствениот учебник и дека тоа ќе важи за сите во кои има стереотипи и навредливи содржини.

– Во првиот месец од мојот мандат повлековме учебник кој имаше дискриминаторска содржина. Секој учебник за кој има пријава дека има дискриминаторска содржина, ќе биде повлечен. За тоа се формира комисија. Во моментов е формирана комисијата за спорниот учебник и ќе ги видиме резултатите кои ќе ги посочи комисијата, што со тој учебник понатаму. Во континуитет се повлекуваат учебници кои во изминатите години и тоа како имале дискриминирачка и навредувачка содржина за различна група граѓани во нашата држава. Владата во програмата тоа го има поставено како приоритетно прашање. Во моментов работиме на системско решавање и поставување филтри за понатаму да не се случува влез на вакви содржини во образовниот систем, додаде Царовска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ