• Latest

Царовска: Протестите се уставно право, но образовната реформа продолжува

May 12, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Протестите се уставно право, но образовната реформа продолжува

May 12, 2021 11:16
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право, но, нагласи дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета. Паралелно, рече таа, ќе се инвестира и во инфраструктура и во обуки и зајакнување на наставниот кадар. Резултати од новата образовна концепција, нагласи, може да се очекуваат по пет-шест години.

– Се сѐ тоа уставно загарантирани права. Од иницијативата ги поставија барањата, ние како МОН имавме средба со нив им одговоривме на нивните барања, кои главно се однесуваат на тоа да се исклучи родовата еднаквост од образовниот систем. За тоа има закони кои се поминати во Собранието и гласани од сите политички партии, што значи дека има консензус за почитување на родовата рамноправност, што е и уставно загарантирано право и треба да биде дел од образовниот систем. Државата има ратификувано и многу конвенции и има обврска да се придржува и да рапортира кон нив. Сметам дека одговорите што ги добија во иницијативата ќе ги разгледаат и ќе расправаат по нив, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на училиштето „11 Октомври“.

Според неа, инфраструктурата во образованието е само еден сегмент од квалитетот на наставата. Квалитетна настава, нагласи, може да се држи и во различни нивоа на услови. Тоа, според Царовска, значи дека наставниците треба да се обучени и да имаат потребна дидактика и материјали за учење преку кои ќе им ги пренесат знаењата на учениците.

-Ние со години сме заборавиле да инвестираме во училишна инфраструктура. Се инвестирало во споменици и други приоритети, заборавајќи притоа дека единствен или најголем потенцијал се луѓето. Тие поминуваат низ образовен систем за понатаму да бидат продуктивни граѓани кои ги почитуваат граѓанските вредности и знаат да се справуваат со сите предизвици кои ги носи современото време. Со новата концепција го правиме тоа. Нашите ученици ги изложуваме на знаење и преку системи кои се светски познати, преку интеграција на содржините и информациите ќе се носат до одредени заклучоци и преиспитување на се она што е поставено таму, затоа што современото време е прединамично, а ние во нашите учебници имаме толку застарени  информации што не им служат ниту на учениците, ниту на наставниците, нагласи министерката за образование.

Според неа, реформите што треба да се спроведат не се избрзани, туку дури и задоцнети.

-Ако сме го направеле пред 10 години немаше денеска да бидеме ниско на меѓународните тестирања кои покажуваат не дека нашите деца не можат да научат, туку оти системот на кој ние ги учиме не е соодветен, затоа што меѓународните тестирања бараат поврзување на знаењата од различни научни дисциплини и доаѓање до одреден заклучок. Нашите ученици, жално, но, вистинито, не се подготвени за ваков тип на соочување со предизвиците што ги носи новото време. Концепцијата ќе почне да се спроведува и очекуваме да даде резултати по пет шест години. Паралелно ќе се инвестира во сите три компоненти и инфраструктура, наставни програми и материјали и наставници, рече Царовска.

Според неа, во насока на зголемување на интегритетот на просветните работници е и новиот предложен закон за наставници, согласно кој, како што рече, ќе се вработуваат веднаш на неопределено време и ќе можат да напредуваат.

-Со законот за наставници кој е во Собранието се овозможува чекор на ослободување на наставниот кадар или ако досега требаше наставник да биде вработен на итни и неодложни три или шест месеци, па потоа да биде на една година, па на уште една за да стигне до две години за да добие можност да му се трансформира работното место, што беа алатки за да ги држат несигурни наставниците и да ги заведуваат кон разчини активности, сега наставникот се вработува на неопределено време. Со тоа, како секаде во светот ќе има обврска единствено да се фокусира на учениците, а не на тоа како ќе го задржи своето работно место загарантирано со закон, истакна министерката Царовска.

Дополнително на зајакнувањето на наставниците, според министерката, ќе влијаат и постојаните обуки и можноста за кариерен развој.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ