• Latest

Царовска: Се утврдуваат евентуални пропусти за случајот со настраданите деца во Велес

June 25, 2018

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Се утврдуваат евентуални пропусти за случајот со настраданите деца во Велес

June 25, 2018 13:02
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На семејството чии три деца загинаа во пожар во нивниот субстандарден дом во Велес социјалните работници му нуделе сместување под кирија уште пред да се случи трагедијата, но, одбивало. Дали постои евентуален пропуст во нивната работа, испитува социјална испекција која во петокот и денеска е во велешкиот Центар, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, иако, потенцира, со сегашниот систем одговорноста на социјалните работници завршува со исплата на одредени социјални права.

Таа денеска имала средба со родителите на починатите деца кои претходно, како што рече, биле посетувани од социјални работници, се дел од системот на социјална заштита, а добиле еднократна парична помош и поддршка.

Тие ја информирале министерката дека пред две три години кога биле доделувани социјални станови ним не им бил доделен стан, туку на лица кои биле станбено обезбедени.

– Тие сакаат државен стан. Им ветив дека заеднички ќе поднесеме барање до Комисијата за државни станови да разгледаме дали во Велес има постоечки стан или друг објект во кој тие натаму можат да бидат сместени. Во државата нема станови кои можат да бидат доделени на ниту едно лице, така ниту ним, туку да можат во него да живеат, рече Царовска одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која беше презентиран Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација.

Рече дека дури на денешната средба прифатиле еден месец да бидат сместени под кирија, за да се разгледаат можностите за трајно сместување.

Ваквата огромна трагедија, рече Царовска, е уште еден доказа дека е потребна промена на системот на социјална заштита, нешто на кое оваа Влада работи.

– Системот на социјална заштита е поставен да трасферира пари кон граѓаните и тука да заврши приказната. Согласно новиот закон што го работиме и треба да се применува од 2019 ќе има поголем трансфер на пари, но и подобра грижа од социјалните работници кои ќе ги следат случаиите ќе ги управуваат за тие да се издигнат над проблемите, рече министерката Царовска.

Во моментов, како што посочи, еден социјален работник води 350 до 500 случаи, што, потенцира е невозможно да се менаџира. Затоа, информира таа, во тек огласи за вработување нови 136 лица. Од јули до октомври сите социјални работници и 30 отсто од вработени во АРМ ќе посетуваат обуки за управување со социјални случаи. (МИА)

Tags: ВелесМила ЦаровскаминистеркаМинистерство за труд и социјална политикатрагедија
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ