• Latest

Царовска: ТИКА продолжува со инвестиции во образованието во Северна Македонија

May 18, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: ТИКА продолжува со инвестиции во образованието во Северна Македонија

May 18, 2021 11:20
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Турската агенција за соработка и координација ТИКА ќе продолжи да ги поддржува заложбите на Владата на Република Северна Македонија за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, инвестирајќи во повеќе негови сегменти, со особен фокус на инфраструктурните проекти. Ова било потврдено на денешната средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со претседателот на ТИКА Серкан Кајалар која се одржа во главниот град на Турција, каде делегација од МОН во која покрај министерката е и заменик министерот Арафат Шабани, е во неколкудневна посета.

„Особено ни е драго што ТИКА секогаш ги препознава и долги години ги поддржува напорите на државата за развој на образованието и што како претседателство потврдувате дека таа поддршка не само што нема да запре, туку и ќе се интензивира. За нас тоа е многу важно во овој период  во кој во тек е имплементирање на реформите предвидени со неколкугодишниот план на МОН и на Владата“, изјави Царовска за време на средбата, заблагодарувајќи се на агенцијата за сите досегашни инвестиции кои, како што нагласила, се плод на одличното партнерство помеѓу двете земји.

 

Како што соопшти МОН; претседателот на турската агенција за соработка и координација Кајалар истакнал  дека Северна Македонија е многу значајна земја за Турција и затоа продолжуваат да го поддржуваат развојот на сите општествени сегменти, вложувајќи во одржливи проекти особено во образованието, здравството и инфраструктурата. Тој ги поздравил напорите на државата за унапредување на квалитетот на образованието, а особено се осврнал на  јакнењето на капацитетите на наставниот кадар, како клучна алка во системот од која најмногу зависи создавањето на добри генерации на ученици.

ТИКА во Северна Македонија е активна 15 години и досега има реализирано десетици инвестиции во изградба на нови или реконструкција на постојни училишни објекти во повеќе општини во државата со граѓани од различна етничка припадност.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ